Реклама
Наши ѕвезди

Повторно се огласи 18 годишната Вања што ја исфрлија од Гранд – на КАРЛЕУША овие зборови НЕМА да и се допаднат!

Реклама

„Остави го моето семејство на мира“

Фото: Принтскрин/ Гранд

Откако Јелена објави дека поднесе кривична против Вања, се огласи и 18-годишната девојка на социјалните мрежи.

Вања Кнежевиќ (18), натпреварувачката која беше дисквалификувана од Ѕвездите на Гранд заради, како што самата вели, објава на Инстаграм, повторно се огласи и повторно предизвика бура од реакции.

Маркетинг

Еве што и порача таа на Карлеуша:

„Постоеја и преговори во продукцијата да се вратам во натпреварот, но секако ги одбив и потенцијалните шанси за тоа. Не може некој да ме дисквалификува, па потоа да ме врати во натпреварот. Кој е тука виновен, а кој е во право? Јасно се изјаснија во врска со тоа што мислат за мене, наведувајќи дека божем сум повикала на некакво насилство. На Марија сакам од сé срце да и се заблагодарам на искреноста. И посакувам успешна кариера и целата среќа во животот“, напиша Вања и продолжи со следните зборови:

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Гранд

„Знам која сум и нема потреба никому тоа да му го објаснувам. Вистината секогаш излегува на виделина, каква и да е. Луѓето гледаат сé, ништо не може да се сокрие.“

„Им се заблагодарувам на прекрасните луѓе што му даваат поддршка и му дуваат ветер во грбот во сето ова. Ќе помине и ова па сите заедно ќе пееме и ќе уживаме во музиката што одвај чекам да ви ја подарам“ пишува Вања.

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Таа потоа го напиша и следново:

„Драги луѓе сведоци сте на хаосот што последни денови се случува на социјалните мрежи, а последната објава на дотичната личност која не заслужува повеќе ни името да и го споменам, е најголем автогол што можела сама на себеси да си го даде. Таа од тоа што го избегнува моето име бидејќи сум неважна, не го вади моето име од устата, а еве јас ќе правам обратно. И се обраќав на Ви, но сега нема ни името да и го изговорам. Таа од сега за мене е ‘дотична’. Се подлабоко и подлабоко тоне“, напиша Вања.

Фото: Принтскрин/ Гранд

„Ме дисквалификуваше, биди среќна Врати се на својот живот. Остави ме мене и моето семејство ма мира, и не го влечи моето име со себе.

Ова нема да и се допадне на Карлеуша

Инаку, покрај нејзините фанови, Вања доби поддршка и од некои познати пејачи и пејачки, а меѓу нив и од Слоба Радановиќ кој со брутални зборови и се обрати на Карлеуша.

„Кога ќе ја прифатиш работата за жиро, треба да знаеш дека не се канта за ѓубре и вреќа г***а, во која ти ќе го истуриш своите г***а и токсини кои што извираат од твоите лични фрустрации. Престани да замараш“, напиша тој на Твитер.

И за само неколку минути неговата објава доби стотици лајкови и коментари со поддршка, а останува да видиме дали Карлеуша ќе му одговори и дали и со него ќе се пресмета преку својот профил на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Гранд

Целиот коментар на Вања прочитајте го во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Принтскрин/ Гранд

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

Фото: Инстаграм/ Вања Кнежевиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button