Реклама
MAMA

Повторно се огласи Гудељ: Откако објави дека го изгубија бебето, сега јавно го соопшти ова!

Се заблагодари за разбирањето...

Реклама

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ неодамна ја споделија веста дека наскоро ќе станат родители и дека пејачката чека девојче, но, за жал, бременоста беше прекината, за што ја информираа и јавноста.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Анастасија Ражнатовиќ го деактивираше својот профил на Инстаграм, па целосно се повлече од јавноста сакајќи да го помине тешкиот период со Немања Гудељ и со поддршка од нејзините блиски, а денеска тој се огласи на социјалните мрежи и во неколку објави им се заблагодари на своите фанови за нивната поддршка по објавувањето на тажната вест.

фото инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Ви благодарам! – напиша тој во една од објавите.

Маркетинг
фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

– Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа.

На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го надмине и ова – напиша фудбалерот на својот Инстаграм профил.

Маркетинг
фото принтскрин

Како што пишува српскиот портал „Информер“, ќерката на Цеца најверојатно веќе при крај на неделата би требало да се врати дома, а наводно биле готови и документите за престој во Шпанија, заради кои подолго време не можеше да се врати во Србија.

фото принтскрин/инстаграм

На Анастасија ѝ е потребен мир, па го изгаси својот профил на Инстаграм и се повлече од јавноста. Немања цело време е со неа и тој ѝ е најголема поддршка, вели извор за гореспоменатиот медиум..

Како што пишува „Информер“, Анастасија одвај чека да се врати дома каде прв пат ќе го види и малиот Крстан, синот на Богдана и нејзиниот брат Вељко.

Таа досега го нема видено, освен преку камера, а многу и’ недостига и’ малиот Жељко, првиот син на Вељко и Богдана кого таа го обожава, како и нејзината мајка Цеца.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button