Реклама
ВиралноНаши ѕвезди

Повторно лоши вести од СЗО, од ова најмногу се плашевме – еве колку време ќе ги чувствуваме последиците од коронавирусот!

Реклама

Повторно лоши вести за вирусот корона

Првичните резултати од истражувањето на антителата кај луѓето покажуваат иста слика – поголемиот дел од светската популација се уште е подложна на вирусот, изјави првиот човек на Светската здравствена организација.

Маркетинг

Глобалната епидемија со вирусот корона е катастрофа чии последици ќе траат многу долго, предупреди денес генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адхан Гебрејесус.

Оваа пандемија е здравствена криза каква што се случува еднаш во 100 години, а чии последици ќе се чувствуваат во наредните децении, истакна Тедрос на состанокот на одборот на СЗО за вонредни ситуации.

Маркетинг

Иако сега се знае многу повеќе за вирусот, се уште нема одговор на многу отворени прашања. Но она што е најпроблематично е тоа што луѓето се уште се ранливи на вирусот, изјави Тедрос, пренесува Ројтерс.

„Првичните резултати од истражувањето на антителата покажува иста слика – поголем дел од светската популација се уште е подложна на вирусот“, предупредува првиот човек на оваа организација.

Многу земји кои веруваа дека поминало најлошото, сега се борат со нови жаришта, а некои кои беа помалку ефикасни во првите недели од пандемијата, сега се соочуваат со раст на бројот на случаи и жртви, порача генералниот директор на Светската здравствена организација.

Ширум светот од вирусот корона заразени се преку 17 милиони луѓе, а болеста досега однесе повеќе од 670.000 животи.

Кога ќе се вратиме во нормала?

Инаку, пред само неколку недели Светската здравствена организација (СЗО) предупреди и на тоа дека пандемијата предизвикана од „Ковид 19“ би можела да се влоши ако сите држави не се придржуваат кон основните здравствени мерки на претпазливост

„Дозволете ми да бидам отворен, премногу земји тргнаа во погрешна насока, вирусот останува јавниот непријател број еден“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус на виртуелниот брифинг во седиштето на СЗО во Женева, пренесе Ројтерс.

„Ако не ги следиме основните мерки, единствениот начин на кој ќе се одвива пандемијата е така што ќе биде се полошо и полошо. Но, не мора да биде така. Нема да се вратиме во старата нормала во блиска иднина … Има многу работи за кои треба да бидеме загрижени“ – изјави тогаш Тедрос.

„Но, постои патоказ за ситуација во која ќе можеме да го контролираме вирусот и да продолжиме со нашите животи“, рече Тедрос, пренесе Гардијан.

Сепак, фокусот ќе треба да биде насочен кон намалување на преносот, зајакнување на заедницата и силното државно раководство, додаде тој.

„Јас веќе го кажав тоа и ќе продолжам да го зборувам истото. Без оглед каде земјата е на епидемиолошката крива, никогаш не е доцна да се преземе пресудна одлучна акција“ – заклучи во своето обраќање Тедрос.

„Тоа може да се направи, тоа мора да се направи“ – истакна генералниот директор на СЗО.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button