Реклама
Вирално

Повеќе НЕ ми беше важно какви ми се градите, само сакав повторно да живеам нормално

Реклама

Сиа Купер (29) вгради силикони во градите и длабоко се попишмани заради тоа. 

Таа цели седум години се бореше со здравјето, а потоа одлучи да ги отстрани силиконите и нејзиниот живот повторно се врати во норнала. Еве што не советува таа.

Маркетинг

Сиа Купер е фитнес модел и блогерка кој ги споделува своите совети со другите мајки како да останат фит за време на бременоста, но исто така и како да ја вратат линијата по породувањето. Како советник на другите, таа не се покажа најдобро на главниот терен, пишува „Daily Mail“.

„Ставив силикони во моите гради за да го подобрам мојот изглед и да станам позадоволна со самата себеси. Не верував многу во приказните дека силиконите можат да бидат токсични, но во мојот случај, се покажа дека тоа е точно “, вели Купер. Таа имаше пластична операција во октомври 2011 година која, според нејзините зборови, навистина ја поминала многу болно и нејзината прва помисла тогаш била дека се чувствува како да има слон на градите.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BrAwuY4F4T_/?utm_source=ig_embed

 

„Кога болките беа поблаги, единственото нешто што остана беше вртоглавица и изнемоштеност. Ме пуштија од болницата и ми кажаа дека тоа е нормално “, вели Купер, додавајќи дека овие симптоми никогаш навистина не престанале, туку дека малаксаноста и брзиот замор станале составен дел од нејзиниот живот. Неколку пати дури паднала и во несвест, но сè уште не го поврзувала тоа со нејзината операција.

„Иако спиев 10 или 12 часа, се чувствував буквално изнемоштена. Дури и работата како блогерка ми паѓаше многу тешко“ ја продолжува својата приказна Купер.

https://www.instagram.com/p/BrF3HTfFCGn/?utm_source=ig_embed

Следниот симптом што се појавил е паѓањето на косата, што таа го поврзувала со постпородилниот хормонски дисбаланс. Таа се загрижила кога ги забележала „печатите“ на својата глава од ќелавоста. Нејзината коса паѓала во прамени и тоа не престанувало како времето минувало.

„Ги проверив хормоните и наодите беа во ред. Докторите не можеа да откријат што ми е. Дури и тироидата беше во нормални граници. Почнав да губам килограми. За краток период останав без 10 килограми. Мојот имунолошки систем беше во целосен распад и постојано бев болна. Колку и да ви изгледа чудно, ова траеше со години “, вели Копер.

Таа не може да се сети колку тестирања на крвта направила за седум години и секогаш сè било потполно во ред, а таа едноставно не се чувствувала добро. И само што ќе помислела дека и станува подобро, ќе завршила во кревет со висока температура. Во еден момент се исфрлила на нејзиното лице и по целото тело, и осипот се проширил толку многу што мислела дека има сипаници. И ова исто така го тестирала, а лекарите потврдија дека тоа е само алергиска реакција, но не можеле да утврдат од што е предизвикана.

„За време на претходното лето, прочитав на Инстаграм дека една девојка добила труење од зголемување на градите со силиконско полнење. Почнав да и пишувам за да се распрашам за симптомите, и тогаш сфатив дека сè се поклопува и дека имам ’силиконска болест’”, вели Купер.

Веднаш отишла кај својот лекар и им кажала на што се сомнева, но анализи морале повторно да и прават од почеток. Повторно поминала низ тестирање на крвта, хормоните и снимање на белите дробови. Наодите беа во ред. Потоа ја проверуваа чувствителноста на силиконот и кожата веднаш и се исфрлила. Тогаш тие веќе немаа дилема, и предложија операција за отстранување на имплантите.

https://www.instagram.com/p/BrQI3X3FEcD/

 

„Повеќе воопшто не ми беше гајле какови гради имам, само сакав повторно да живеам нормално како некогаш. Операцијата беше направена пред две недели и сите симптоми веќе исчезнаа, дури и мојата коса почна повторно да ми расте. Сакам на сите девојки да им порачам дека на овој начин не се лечи искомплексираноста и дека најголема грешка е да си го загрозите вашето здравје, со цел да имате подобар изглед. Задоволството се гради од внатре “, ја завршува својата приказна Купер.

https://www.instagram.com/p/Brk896SFZRG/

 

Инаку, силиконот од Светската здравствена организација е прогласен за канцероген уште во 2006 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button