Огромното мнозинство Македонци имаат машина за перење во бањата, што е вообичаена практика во многу други европски земји, на пример, Германија.
Но, луѓето од Обединетото Кралство или САД се чини дека се невообичаени, бидејќи во овие земји машината за перење е наместена во кујната. Една корисничка на Твитер од англосаксонската област објави фотографија од германска бања во која има машина за перење и така ја започна дискусијата, наведувајќи: „Во Германија е најнормално машините за перење да се наоѓаат во бањата, а не во кујната каде што дефинитивно не припаѓаат!”
Нејзината објава привлече големо внимание на социјалните мрежи. По објавата 14 илјади луѓе го споделија своето мислење, а речиси 60.000 луѓе ставија лајк.
Во коментарите се приклучија околу три илјади луѓе.
In Germany it‘s the MOST NORMAL thing that washing machines are placed in bathrooms and not in the kitchen where it definitely doesn‘t belong???? IM- pic.twitter.com/s5evTPwgap
— melis (@biebersgrills) May 29, 2019
„Истото е во Романија, зошто би бил во кујната?” „Освен ако не сте богати, тогаш ви е во кујната, без разлика дали сакате или не,” „Замислете да одите во кујната за да исперете облеката”, беа само некои од коментари.
„Замислете дека треба да ги перете алиштата на местото каде се бањате?“ пишуваат пак оние кои сметаат дека на машината за перење не и е место во бањата.
А каде стои вашата машина за перење?