Реклама
CelebrityНовости

Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ откри кој фраер и се допаѓа – коронавирусот не ја спречи да зборува за својот симпатија

Реклама

И не е во прашање само физичкиот изглед!

Фото: Принтскрин

Микел Мороне во моментов важи за еден од најпознатите ИТ мажи во светот.

Маркантниот италијански актер можевме да го гледаме во филмот на Нетфликс „365 дни“, а на неговиот изглед се па лат жени ширум светот. Една од нив е и пејачката Милица Тодоровиќ, поранешната победничка на „Гранд ѕвезди“.

Маркетинг

Имено, таа повеќе пати досега на својот Инстаграм јасно стави до знаење колку и се допаѓа познатиот актер

„Светот е полн со убави и згодни луѓе, но на Микел во моментов му се посреќи да биде главен актер во филмот „365 дни“, за кој сите зборуваат. Не знам дали е најголем фраер на светот, веројатно не е, но во последно време што се однесува до мене, ДА“, изјави пејачката за „Телеграф“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Инаку, Милица во моментов е во самоизолација заедно со својата колешка Славица Чуктераш.

И двете имаат корона.

„До вчера се чувствував добро, не знаев дека имам корона, но денес почнав да го чувствувам првиот симптом – температурата. Во домашна изолација сум, заедно со Славица, се придржуваме до се’ што ни е препишано од страна на докторот и така ќе остане се’ додека не се чувствуваме подобро и тестот не покаже дека сме негативни на вирусот“, изјави Милица, пишува порталот „Блиц“.

Фото: Инстаграм

Таа направи тест откако нејзината пријателка Славица Чуктераш дозна дека е позитивна на корона.

Фото: Инстаграм

Новиот 50 нијанси

Полскиот филм (кој исто така оди и со оригиналниот наслов 365 DNI) го споредуваат со „50 нијанси“, но многумина велат дека го претпочитаат овој филм – приказна за мафијаш кој ја заробува жената од своите соништа. Имено, Лора Бил, директорка нa луксузен хотел во Полска, доаѓа на краток одмор во Сицилија. Младиот Масимо, кој станал водач на сицилијанска мафија по атентатот што бил извршен врз неговиот татко, ја киднапира и и’ дава 365 дена да се заљуби во него.

Но, филмот има злобна страна скриена под убавата музика и стра сните сцени, оценуваат критичарите.

Спред критичарите цитирани од некои таблоиди, филмови како овој, „50 нијанси“, „Самрак“ и многу други слични на нив се популарни затоа што манипулативните главни протагонисти се неверојатно атрактивни мажи. „Неговите тенденции за убивање го прават да изгледа како лошо момче наместо некој од кого треба да останете подалеку“, велат тие.

Микеле Мороне е човекот кој стои зад доминантниот мафијаш Масимо Торичели, а фановите на филмот брзаат да дознаат што повеќе за него, пишуваат таблоидите.

Микеле, роден во Мелегано, Италија, во октомври ќе наполни 30 години. Тој не е само актер, туку е и пејач. Неколку негови песни всушност се прикажани во филмот 365 ДНИ.

Микеле имал различни улоги во италијански филмови, но ниту еден од ликовите што ги глумел досега не го прослави како последниов, кој стана глобален хит.

Тој се ожени со Руба Сааде во 2014 година, но бракот не траеше многу долго и тие се разведоа четири години подоцна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button