Реклама
Наши ѕвезди

Победничката во „Никогаш не е доцна“ два пати го победи paкот – ЖИВОТНАТА приказна на Бојана нема да ве остави рамнодушен!

Реклама

Бојана Барјактаревиќ е тројна победничка во „Никогаш не е доцна“, а во ова шоу покажа и дека е жена змеј.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Имено, таа со својата животна приказна покажа дека не се откажува од борбата и ги мотивираше сите никогаш да не се откажат, па дури и кога пред нив се големи животни предизвици кои не даваат никаква надеж.

Бојана од својот сопствен пример научи како низ животот да се чекори со подигната глава и да се бори лавовски.

Маркетинг

Но за жал тоа го научи на своја кожа и на потежок начин, откако во 2017 година и беше дијагностициран paк на левата дojка. Иако го победи мaлигниот кaнцер, во 2019 година и се појавиле метacтази во пределот на пазувите.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Не сум ни прва ни последна, сето тоа е животот“, велеше тогаш пејачката за тешката ситуација во која што се најде.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Си кажав дека нема предавање. Мора нормално да се живее и работи, а ќе биде онака како што Бог ќе каже“, велеше своевремено таа.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Следуваа хемотерапии, губење коса и бројни откажувања, но Бојана не сакаше никој да ја сожалува и не се предаваше.

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

„Ми беа извадени 24 жлезди. Одев на 16 xeмотepaпии, а по првата останав без коса. Она што е добро е што сега имам нова коса, и тоа 40 % повеќе од порано. Она што е најважно е да се биде упорен и позитивен, нема пcихичко паѓање, тоа е најлошиот непријател“, зборуваше порано Бојана.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Таа денес кога борбата за здравјето е далеку зад неа, живее потполно поинаков живот, а цената за настапите одамна и е зголемена.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Задоволна сум, ја сакам мојата работа и големата медиумска експанзија по победата во Никогаш не е доцна“, вели таа.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Бојана денес речиси и да не престојува дома, туку цело време е некаде на свирки, и ужива во она што го работи.

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

Потсетуваме, Бојана во јавноста беше позната како пејачка на бендот „Бон Aми“ кој своевремено беше поприлично популарен.

Таа го отпеа и нивниот најголем хит „Магла“, песна која и денес се слуша на радиостаниците.

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Фото: Фејсбук/ Бојана Барјактаревиќ

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button