Победникот од популарното шоу со вест што ги израдува Македонците – ова го направи со многу љубов
Бобан Цаневски ја промовираше својата најнова песна - преработка на „Послушајте патриоти“
Ова е проект на кој сум многу горд, изработен е со многу труд и љубов. Се надевам дека ќе допре до сечие срце- вели Бобан за Гламур
Бобан Цаневски на денот на независноста ја промовираше својата најнова песна со видео запис, односно преработка на “Послушајте патриоти“.
Песната е една модерна преработка во “издание“ на Цаневски. Тој на публиката и е многу познат по победата во ТВ-шоуто “Никогаш не е доцна“.
Приватна архива
-Ова е проект на кој сум многу горд, изработен е со многу труд и љубов. Се надевам дека ќе допре до сечие срце! Да ни е жива Македонија, порача пејачот, кој за Гламур вели дека е многу задоволен од финалниот производ.
Маркетинг
Аранжманот на оваа верзија на “Послушајте патриоти“ го направил Бојан Биневски. Видеото е како еден вистински краток филм, во кој е прикажана вечната борба за татковината Македонија, борбата на патриотите кои неизмерно ја сакаат и го даваат својот живот за неа. Главната улога како Александар Караѓуле-Охридски ја толкува познатиот битолски актер Петар Горко. Улога на мајката е на Стефанија Илиевски, додека “шпиунот“ е Зоран Андревски. Војниците се Ѓорѓи Стојчески и Роберт Тасевски. Шминката и VFX се дело на Стефанија Стојчевска.
Бобан е многу среќен што се излегло онака како што сакал, дури и се надминале неговите очекувања.
Спотот го изработи „Генерал филм студио“, додека режисерка е се по успешната Ана Марија Јанковиќ.
На прашање на Гламур дали може да очекуваме во иднина и преработка на некоја друга патриотска песна- Бобан вели дека сега сепак ќе се насочи кон правење на авторска музика.