Победникот на „Пинкови ѕвездички“ едвај преживува: Мие садови за да заработи, му предвидуваа блескава кариера но работи за дневница и моли да го викнат на настапи!
Марко порасна во вистински заводни...
Во 2016 година во музичкото талент шоу „Пинкови ѕвездички“ победи малото слатко момченце Марко Бошњак.
фото принтскрин/Јутјуб
Марко поседуваше посебен квалитет и се издвојуваше од останатите натпреварувачи.
Откако победи во 2016 година, не се појавуваше толку често во јавноста, но воодушеви кога се појави на фестивалот „Дора“ во 2022 година каде го зазеде второто место зад првопласираната Миа Димшиќ.
фото принтскрин/Јутјуб
Со своите вокални способности ја расплака цела Србија и Балканот, но иако му предвидуваа сериозна музичка кариера, денес Марко не се знаимава со музика.
фото принтскрин/Јутјуб
Победникот на „Пинкови ѕвездички“ работи во еден ресторан за брза храна во Загреб.
фото принтскрин/Јутјуб
На само единаесет години тој се истакна со изведбата на многу тешки песни, а жирито во состав на Јелена Томашевиќ, Гоца Тржан, Милан Станковиќ, Леонтина Вукомановиќ и Хари Варешановиќ се расплака додека ова момче ја изведуваше песната „Што те нема“, испеана во оригинал од Јадранка Стојаковиќ.
фото принтскрин/Јутјуб
Инаку, тој до неодамна студирал во Берлин, а потоа преку ноќ решил да се врати во Загреб.
фото принтскрин/Јутјуб
Работи на каса и мие садови кога е потребно за да преживее.
фото принтскрин/Јутјуб
– Се разбудив една сабота и си помислив ‘Зошто сум овде’? Купив карта и во вторникот веќе дојдов во Загреб и реков „Одам на работа“. Одлуките ги носам импулсивно, па така решив и да одам да живеам во Германија. Тоа не е храброст, тоа е нормално за нас младите, треба да се слушаме и да го следиме својот пат. Имам и црни денови, но ќе бидам добро – рекол Марко, пренесува Index.hr.
фото принтскрин/Јутјуб
За во иднина планира да издаде албум а вели дека би сакал да има настапи за да може да се откаже од работата во ресторанот и д аможе да се занимава со музика.
фото принтскрин/Јутјуб
– Моите планови се да бидам среќен и исполнет и до крајот на годината да издадам албум. Се надевам дека летото ќе имам ангажмани, повикајте ме да настапувам за да можам да се откажам од работата во брза храна и да живеам од музика – изјави Марко.