Вирално

Плејбој зајачица повторно се бори со тумор на мозокот – терапијата со канабис и е единствен спас, па дури и ако треба да оди во затвор

Advertisement

На Кери Паркер, поранешна Плејбој зајачица, прв пат тумор на мозокот и беше откриен во 2013 година.

Advertisement

Таа тогаш направи операција што и го спаси животот, но во септември 2018 повторно се соочи со лоши вести. Туморот се врати, па докторите и предложија 10 до 12 циклуси хемотерапија, како би успеала да ја победи тешката болест. Но тоа нејзе не и се допадна и смета дека „нема никаква смисла“. Едноставно не сака да се чувствува лошо и да се навикне на тоа дека ќе остане без коса, па побара спас во масло од канабис кое во Велик Британија е илегално.

„Знам дека со масло од канабис можам да завршам во затвор, но искрено верувам дека тоа ми е единствена шанса да преживеам“, призна таа во нејзиното интервју и продолжи: „Многу работев во изминативе неколку години. Тренирам за црн појас во боречки вештини и сега сум поздрава и во подобра форма од кога било досега во животот. Кога докторите ми кажаа дека ми е потребно лечење од кое ќе се разболам, тоа воопшто ми немаше смисла“.

Advertisement

„Не сакам да ми паѓа косата од хемотерапија или да ми согори лицето од радиотерапијата. Секојдневно тренира, водам манекенска школа и нутриционистики бизнис. Не сакам ракот да ми уништи сé. Канабисот им помогна на многу заболени и спремна сум да вложат надеж во него. Не верувам дека некој судија би обвинил девојка која користи канабис за да преживее. Тој ризик сум подготвена да го преземам“, вели таа.

Инаку, употребата на ТХЦ во Велика Британија е илегална, па Паркер го набавува од Шпанија. Очекувала критика од блиските луѓе, но тие реагирале сосем спротивно од она што мислела. „Никој не ми кажа дека носам лоша одлука. Семејството ме подржува.“

„Мојата мајка од првиот ден ми зборуваше дека не сакам да одам на хемотерапија. Таа верува дека можеме сами да го победиме ракот“, вели поранешната Плејбој зајачица.

Бидејќи користи масло со голема количина на ТХЦ, за брзо време забележала и некои нуспојави.

„Ми го спушта притисокот кој и онака ми е низок и имам вртоглавица, се чувствувам слабо и забрзан ми е пулсот. Сето тоа се нормални симптоми, ми велат. Се молам телото да ми се привикне бидејќи ќе морам да зимам речиси 10 пати посилна доза ако сакам да се решам од ракот. Во секој случај, подобро избирам тоа отколку хемотерапија. Тоа е мојата единствена шанса за живот“, заклучи Кери.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button