Есента и зимата се незамисливи без меките и топли џемпери. А, како и секое друго парче облека, така и оваа година плетените парчиња добиваат нов, помодерен изглед. Што е ново и кои се водечките трендови за оваа ладна сезона, откријте во продолжение и набавете си ги овие парчиња облека пред да настапи студената зима.
Кардиган
Кардиганите веќе не се резервирани само за бабите. Топлите и практични плетива оваа сезона ги заменија јакните, па станаа омилено парче облека на многу девојки.
Текст или лого
Плетените маици со лого или текст од познатите брендови, ја добија својата популарност. Овие плетива беа популарни и минатата година, а ќе доминираат и оваа зима.
Предимензиониран крој
Оваа сезона не треба да трошите пари на нови џемпери, туку едноставно позајмите некој од вашиот татко или вашето момче. Секако, се шегуваме, затоа што во мода се предимензионирани модели кои навистина делуваат како да сте ги позајмиле од некој кој е покрупен од вас.