Реклама
Хороскоп

Плачи ако ти се плаче, само не повлекувај се во себе – телото памти, па ќе ти врати со чир

Реклама

Биди нежна кон себе. Во физичка смисла – разгалувај се. Со масла, не мора да бидат скапи масла.

Допирај се со дланките, запознај го секој милиметар од своето тело. Тоа нека биде твој ритуал. Од тебе за тебе. Од твоето срце за твоето срце. Со љубов…

Маркетинг

Во онаа другата, невидлива смисла – не се критикувај премногу и постојано. Немој да си замеруваш себеси.

Биди добра кон себе, си заслужила.

Маркетинг

Не биди злопамтило, затоа што тоа ти штети на тебе, а не на тој кому замеруваш. На него баш му е гајле.

Уживај во секој твој потег.

Одмарај, спиј доволно и квалитетно. Изгаси го телефонот. Биди сама. Запали мирисна свеќа или стапче.

Читај. Избери некоја добра книга и прочитај ја во еден здив. Ќе те релаксира и максимално ќе те опушти.

Слушај музика која ти годи. Тивко или гласно, како сакаш, како ти е мерак.

Танцувај, движи се.

Шетај, сама. Тогаш мислите се движат како во рој, доаѓаат идеи и сѐ и сешто може да ти падне на ум.

После прошетката измасирај си ги стопалата. Тие те носат, те трпат, потребна им е масажа.

Покажи си колку се цениш.

Биди благодарна што си овде, што си здрава.

Молчи. Уживај во тишината, ако сакаш да седиш во тишина.

Внимавај на себе. Ќе си требаш.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button