Плачеше, не можеше да стои – пријател се присети како изгледал Бора Чорба на нивната последна средба
Почина фронтменот на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, во 72 година од животот
Познатиот музичар Бора Ѓорѓевиќ почина во болница во Љубљана каде пред неколку дена беше ставен на респиратор.
Неговиот пријател и колега Ѓорѓе Давид неодамна за „Стори“ раскажа како изгледала нивната последна средба.
„Бора е вечен со сето она што го направи во својот живот. Тој засекогаш ќе биде присутен и помеѓу новите и помеѓу старите генерации“.
Принтскрин/ Пинк
„Тој на мене ми е личност за радување, а човечкиот век ма траење. Жал ми е што тоа е мака, бидејќи мислам дека тој, како личност што воспитуваше генерации, не заслужува да се мачи. Тој е меѓу петте мои ментори, тој беше најхрабар, ми даваше најмногу поддршка и критика“, вели Ѓорѓе Давид за Бора.
„Тоа беше пред месец дена, а морам да ви кажам и една анегдота. Чачак сакаше да го награди Бора, а тој ме викна да дојдам и да бидам тука. Јас него тогаш го видов дека плаче, а никогаш пред тоа го немам видено да плаче, тоа ми беше чудно. Тој беше толку среќен што ја доби таа награда, Плачеше, а доби аплауз што го воодушеви. Тој не можеше да стои на стејџот од толку емоции. Тогаш последен пат го видот, тој е прекрасен пријател“, изјави Давид за Стори.
Принтскрин/ Јутјуб
Потсетуваме Бора од своите сограѓани доби признание за почесен граѓанин, а како што самиот велеше, најмногу трема има во својот град.
„Тоа признание обично го даваат постхумно, а на мене тоа постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Сакав да доживеам такво нешто во Чачак. Всушност, имам нешто слично во белградската Зоолошка градина, таму постои стаза која се вика ‘Сокачето на Бора’“, изјави Бора во една пригода, горд на ова негово признание.