Реклама
LIFESTYLEВирално

Платил казна од 950 евра зошто гледал цртани филмови на интернет?

Реклама

Престојот на Бојан Величковиќ во Германија минатиот февруари го чинеше многу. Казната за гледање цртан филм преку интернет во домот на сопственикот каде неговото  дете гледало ќе го чини 950 евра!

Имено, детето го гледало цртанот „Штркови” преку веб-страницата “Popkorn” (Пуканки), а по 48 часа компанијата “Ворнер брос” им испратила писмо дека гледањето треба да се плати. Како што објаснува Величковиќ, тој ја платил сумата за домаќинот во Германија да нема проблем бидејќи тоа било на неговата IP-адреса.

Маркетинг

„Ако не платите ќе следи тужба, па износот би можел да достигне и до 1.700 евра”, вели тој. Адвокатот Немања Величковиќ објаснува дека „Popkorn” му овозможува на корисникот да го користи под одредени  услови.

„Се чини неверојатно дека услугата се наплаќа на таков начин”, вели тој. „Сепак, треба да се има на ум дека ако се почитуваат условите потпишани со договорот, тогаш тоа не може да се случи. Ако договорот биде почитуван, штетата, според мое мислење, би се наплатила на оној што ја обезбедил услугата, во овој случај, „Popkorn”.

Маркетинг

Тој  објаснува дека ако ова се наплати, компанијата “Дизни” може да ви наплати за гледање на нивните цртани филмови на телевизија. „Општи услови за користење обично се објавуваат на почетокот, но проблемот е што повеќето од нас не го читаат”, вели Величковиќ.

Од друга страна, адвокатот Вања Савовиќ објаснува дека законот во Србија се движи во рамките на Бернската конвенција за заштита на литературни и уметнички дела од 1886 година, што значи дека истите законски правила се пропишани во сите земји кои се потписнички на Конвенцијата.

„На прашањето дали споменатата компанија би можела да испрати сметка и на гледач во Србија и за гледање на нивните филмови на пиратска страница, одговорот е да “, вели тој. „Сепак, тоа не значи дека нашиот, па дури и германскиот суд сметаат дека сметката е основана. Под претпоставка дека гледачот не го отстранил филмот од пиратската страница и дека постојат околности кои укажуваат на тоа дека тој е совесен, сметам дека судот би го отфрлил таквото барање на сопственикот на авторски права. ”

Нелегално во странство

„Popkorn” во земјите од Балканот има голем број корисници и работи според принципот „инсталирање и гледање”. Корисникот може лесно да креира листа за следење или да ги обележи омилените филмови. Репродукцијата и програмата се бесплатни. Сепак, гледањето на филмови подготвени за преземање без дозвола на сопственикот и носителот на правото е забрането во некои земји и претставува нелегално дејство.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button