ПЛАТА до 38.000 денари – СЕ бараат кандидати СО или БЕЗ работно искуство!

Вивакс е македонска компанија која постои повеќе од 27 години и брои повеќе од 110 вработени.
Во 1994 година, господинот Димитар Јосифовски ја започнува приказната за Вива. Целта на компанијата од самиот почеток е производство на сокови со највисок квалитет, која секогаш ќе е најпрепознатлива карактеристика за брендот Вива.
Во 1995 година започнува производство на сокови во флексибилна амбалажа (черпак), во пакувања од 250мл и 1л и пакување на кафе во амбалажа од 70мл.

ФОто ФБ
Единствени на Балканот со овој тип на пакување, што допринесе брендот Вива да стане препознатлив и надвор од границите на Македонија.
2003 година Вивакс станува водечки производител на природни овошни сокови и нектари во Република Македонија.
2011 година, инвестиција во комплетна линија за PET. Со оваа нова линија почнува производство на овошни пијалоци и ледени чаеви во амбалажи од 0,5л и 1,5л, и сирупи од 1л.
Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

ФОто ФБ
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Доколку имате желба да бидете дел од нивниот тим погледнете ги позициите што ги нудат:
Возач на товарно возило
Одговорности и задачи:
Управува со товарно моторно возило.
Врши превоз на стоки до местата наведени во патниот налог и се грижи за навремен утовар и истовар.
Се грижи за чистотата и исправноста на возилото, уредна и целосна пропратна документација, како и за навремено спроведување на технички преглед и регистрација.

ФОто ФБ
Врши и други работи што ќе му бидат доверени од страна на раководните лица.
Потребни квалификации:
ССС.
Возачка дозвола “Ц“ категорија,
Минимум две години работно искуство како возач со „Ц“ категорија,
Предходно работно искуство во дистрибуција на производи ќе се смета за предност;
Од кандидатот очекуваме:
Способност за работа во тим.
Самоиницијативност, исполнителност, лојалност и чесност.
Организираност и одговорност.
Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ефективна вербална и писмена комуникација.

ФОто ФБ
Ви нудиме:
Почетна месечна плата за првиот месец на работа (со можност за зголемување) во висина од 34.000-38.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција и додатоците на плата по основ на: минат труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи);
Исплата на регрес за годишен одмор;
Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
Обезбеден оброк;
Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [email protected] со задолжителна назнака “ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО“.
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 27.09.2023 до 10.10.2023).
Работник во производство
Одговорности и задачи:
Работи на производни линии за припрема и полнење на сокови.
Потребни квалификации:
Минимум ССС.
Со или без работно искуство.

ФОто ФБ
Од кандидатот очекуваме:
Способност за работа во тим.
Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
Организираност и одговорност.
Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
Ефективна вербална комуникација.

ФОто ФБ
Ви нудиме:
Почетна месечна плата за првиот месец на работа (со можност на зголемување на платата од вториот месец на работа) во висина од 24.000 – 26.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција и додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи)
Исплата на регрес за годишен одмор;
Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
Обезбеден оброк;
Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [email protected] со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО“.
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 26.09.2023 до 09.10.2023).




