Планинарски колиби во Норвешка со неверојатен поглед на Поларната светлина (фото)
Едно од оние места кои дефинитивно би сакале да ги посетиме

Норвежаните за да ги поттикнат планинарските активности во близина на најсеверниот норвешки град Хамерфест, на планината Сторфјелет, направија дизајнерска дрвена колиба. Колибата која е направена на барање на Норвешката планинарска асоцијација е дизајнирана во форма на саќе и преставува дело на норвешкото архитектонско студио „Спин аркитекте“. Засолништето е направено така да може да ги издржи студените поларни зими, со панели кои можат лесно да се транспортираат и склопат на лице место, а во иднина во план е да постават уште една таква колиба.

Планинарите можат да се загреат и да ја искористат топлината на засолништето со печка и гарнитура за седење, а задниот дел од кабината исто така има голем прозор со фасцинантен поглед на прекрасното изгрејсонце и зајдисонце, а за време на сезоната, и на Поларната светлина.



