Реклама
Вирално

Писмо на дете од Балканот до Дедо Мраз: „Имам само една желба. Земи ги политичарите и однеси ги со тебе на Северниот Пол. Само внимавај да не ти избегаат и да ни се вратат“

Реклама

Ова е писмо на едно дете од Градишка за Дедо Мраз

Драг Дедо Мраз

Маркетинг

Имам само една желба и те молам да ми ја исполниш.

Кога по новогодишните празници ќе се враќаш на Северен Пол, земи ги со себе сите политичари. Ама сите. Те молам немој ниту еден тука да заборавиш.

Маркетинг

И те молам само добро ги чувај додека патуваш, за да не ти избегаат и да не се вратат. Тогаш ќе можам да ја гледам мојата емисија на телевизија, а не собранискиот канал и нивните расправии што ги гледа мојот татко. Те молам и да им најдеш работа таму, на Северен Пол, да ти помагаат во правењето и пакувањето на играчките и колачињата.

Само биди внимателен бидејќи тие и таму ќе се расправаат, бидејќи така се навикнати. Ако им дозволиш да се расправаат, нема ништо да направат, па и ти следниот пат ќе мора да дојдеш без играчки и колачиња. Се надевам дека ти тоа ќе го решиш, а и на мене ќе ми ја исполниш желбата.

Јас само да ти кажам што се однесува до мене не мора никогаш да ги враќаш, само биди внимателен со нив.

Твојот Петар П.

Драг Петар,

Дедо Мраз од Културниот центар во Градишка секако дека не може да ти ја исполни оваа желба.

Можеби тоа е и единствената желба која Дедо Мраз не може да му ја исполни на едно дете, но секако дека ќе го објавивме твоето писмо надевајќи се дека ќе го прочитаат и сите политичари и ќе сфатат како се чувствува, мисли и размислува малиот Петар П.

Вашиот Дедо Мраз од Културниот центар Градишка.

Извор: КЦ Градишка

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button