Првите денови не беа толку страшни. Бев полна со енергија и адреналин. Уживав да го покажувам своето сакано бебе на секој гостин кој ќе се појави на вратата. Одеднаш, се се распадна…
Мајка на четири деца, Јоана Вендити, се сеќава на првите денови по нејзиното породување и го опишува искуството на нејзиниот блог „Babycenter.com“:
„Те гледам. Јас те гледам како седиш на троседот, а твоите солзи течат по твоето лице. Го гледаш часовникот. Точно седум часот и тоа е кошмар и страв кој те чека во ноќта.
Поминаа четири дена по породувањет . Го родив синот. Секоја минута од мојата бременост се обидував да го замисли неговото мало лице и како ќе се чувствувам како мајка.
Првите денови не беа толку страшни. Бев полна со енергија и адреналин. Уживав да го покажувам своето сакано бебе на секој гостин кој ќе се појави на вратата. Одеднаш, се се распадна
Гледаш во часовник па во сопругот. Тој не знае како да помогне. Му кажуваш дека треба да те остави само да се исплачеш . Си изгледаш чудно. Вашиот прекрасен бремен стомак сега е огромна мека тпока.
Нозете и глуждовите се отечени , нешто што не сте го доживеале претходно. Се чувствувате како вашите гради да се полни со камења, а вашите брадавици се распукани и крварат. Вашето тело помина низ војна.
Потврдено – НЕ можете да го држите бебето премногу во вашите раце! Како што го ставате вашето бебе на градите, болката е незамислива. Болката во брадавиците, грчевите и контракциите се зголемува со доаѓањето на ноќта. Се плашиш од ноќта. Одговорности, непознати и осаменост. Но, знаете, дека парвите неверојатна работа.
Продолжуваш да одиш. Вие не сте само мајка, туку се претворате во воин . Ова е привремено. Ќе спиеш повторно . Телото ќе заздрави. Ќе се почувствувате секси повторно . Ќе бидете повторно своја.
Како што поминуваа деновите, ноќта веќе нема да ве исполнува со страв. Ќе ја сакаш ноќта, тишината и врската со бебето. Само оди напред, не се откажувај. Прифатете помош од оние кои ви нудат. Зборувајте, споделувајте и слушајте други кои го поминале ова пред вас. Во овој момент се создава неверојатно силна мајка на воини .
Ова чувство сега е најтешко. Иако подоцна ќе се соочите со други тешки ситуации како мајка, ништо нема да биде такво како сега. Во овој момент има околу себе непробоен оклоп што никој не може да го одземе од тебе. Само подалеку. Правиш неверојатна работа, мајко“ .