Реклама
MAMAКафе муабет

Писателот на „Малиот принц“ има напишано молитва што секој треба да ја прочита

Реклама

Детството на Антоан де Сен Егзипери беше многу тешко – татко му почина кога тој имал четири години, на 17 години го изгубил својот помлад и единствен брат Франсоа, и остана со уште три сестри, од кои еден загина пред Втората светска војна.

Тој на пошироката јавност ѝ е познат како творецот на „Малиот принц“ и многу е мал бројот на оние што знаат дека тој бил и воен пилот, односно дека за своите воени заслуги добил и Орден на честа.

Маркетинг

Оваа молитва настанала во еден од најтешките периоди во животот на овој писател, кога болеста, годините и воениот виор полека го кршеле:

„Господе, јас не молам ни за чуда ни за привиденија, туку за секојдневна сила. Научи ме на уметноста на малите чекори. Направи ме повнимателен и поснаодлив, за во разноликоста на секојдневниот живот да се задржам на откритијата и искуствата што ме возбудуваат.

Маркетинг

Научи ме правилно да располагам со времето во својот живот. Подари ми го убавиот подарок да го разликувам примарното од секундарното.

Јас молам за сила на воздржаност и умереност, за во животот да не летам и да паднам, туку разумно да го планирам текот на денот. Да можам да видам врвови и пространства, па дури и понекогаш да најдам време да уживам во уметноста.

Помогни ми да сфатам дека илузиите не се од помош. Ни сеќавањето на минатото, ни соништата за иднината. Помогни ми да бидам тука и сега и да го прифатам овој момент како најважен. Спаси ме од наивното убедување дека сѐ во мојот живот треба да биде мазно.

Подари ми јасно сознание дека тешкотиите, поразите, падовите и неуспесите се само природен, составен дел од животот, благодарение на кои растеме и созреваме.

Потсетувај ме дека срцето често се буни со причина.

Испрати ми во вистинскиот момент некој што има храброст да ми ја каже вистината, но да ми ја каже со љубов!

Знам дека многу проблеми се решаваат и ако ништо не се направи, затоа научи ме на трпение. Ти знаеш колку е силна мојата потреба за пријателство. Дозволи ми да бидам достоен за тој најубав и најнежен дар од судбината.

Дај ми богата фантазија, за во потребното време, во потребниот момент, на вистинското место, во тишина или говорејќи, некому да би му ја подарил неопходната топлина.

Направи од мене човек кој знае да допре до оние што се навистина на дното.

Спаси ме од стравот дека нешто ќе пропуштам во животот. Не давај ми го она што јас го сакам, туку она што навистина ми е потребно.

Научи ме на уметност од мали чекори.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button