На Вимблдон секогаш има бројни познати дами
Меѓу нив овој пат беше и Пипа Мидлтон која дојде да го гледа натпреварот помеѓу Петра Квитова и Џоана Конта.
Пипа не заборави да го тргна шеширот пред да влезе во кралската ложа, а натпреварот го следеше заедно со својот 32 годишен брат Џејмс Мидлтон.
На многумина не им е познато дека гледачите што се поканети во кралската ложа мораат да почитуваат посебни модни правила. Па така дамите треба да избираат елегантни модни парчиња бидејќи лежерно облекување не е посакувано на овој дел од централниот терен (затоа и Меган Маркл деновиве ги изненади сите кога се појави во обични тегет фармерки), а мажите се должни да носат сако и чевли.
Тоа дека правилата важат за сите, вклучувајќи ги и славните гости, докажа и ситуацијата која се случи во 2015 година кога на возачот на Формула 1, Луис Хамилтон, не му дозволија да влезе во кралската ложа на машкото финале во Вимблдон затоа што немаше сако и вратоврска.
Но очигледно Пипа Мидлтон ги знае овие правила па веднаш пред да влезе во лошата го тргна шеширот. Имено, шеширите се строго забранети поради потенцијална опструкција на погледот, а нивното носење може да се толерира само кај една личност – кралицата Елизабета II.
Пипа и останатиот дел од својот стајлинг го усклади со дрес-кодот и избра елегантен розов фустан од британската дизајнерка Стела Мекартни. Таа го носеше со отворени сандали со високи потпетици со потписот на истата дизајнерка и чанта од познатиот бренд „J.Crew“.
Таквиот модел на сандали со високи потпетици на многумина им е непријатен за носење бидејќи при чекорењето се држат само со еден ремен кој не е сместен високо, туку пониско, во пределот на прстите. Но очигледно тоа не и пречеше на Пипа која одлично се снајде со ова издание.