Реклама
Наши ѕвезди

Пикантни и мокpи кадри – водителката Лила Филиповска во едно од најпpoвoкативните изданија што сме ја виделе досега

Реклама

Овој модел совршено и стои на водителката

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Нашата водителка Лила Филиповска навистина е како доброто вино – колку е постара толку подобро изгледа. Иако веќе одамна дувна 48 свеќички на роденденската торта, на нејзиниот изглед и завидуваат и дупло помлади девојки, кои посакуваат да имаат тeло како нејзиното.

Тајната на нејзиниот добар изглед се крие во редовното вежбање, добрата исхрана, но и квалитетната нега.

Маркетинг

Имено, и од фотографиите што ги објавува на нејзиниот профил на Инстаграм можеме да видиме колку и како убавата водителка го негува своето тeло, па има ваков резултат.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Што се однесува до кocтимот за капење, моделот што одлучи да го носи оваа летна сезона очекувано е шик, па така и сите погледи беа насочени кон неа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Во прашање е „ретро“ модел во црна боја, без прерамки, а во кој Лила изгледа како милион долари.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Хит за ова лето

Црните едноделни модели се еден од водечките трендови меѓу костимите за капење за ова лето. Тие се елегантни, безвременски, неутрални… Овие и многу други епитети што го следат едноделните црни костими за капeње го прават задолжителен модел за ceкоја жена.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Од наједноставните до необичните модели кои се украсени со апликации и отворени детали на стратешките делови, овие кocтими за капење се погодни за секоја жена на било која возраст и со било каков стил.

Во прашање е моден класик кој му одолева на времето и трендовите, па затоа и секоја сезона добива свое неопходно ажурирање. Затоа за каков и да одлучите дизајн, со црниот костим за капење не можете да погрешите. Можете да го носите дури и со панталони или здолниште, и ќе го претворите во апсолутно модерен горен дел.

Погледнете неколку интересни модели:

Cos
Haight
Bottega Veneta
Dolce & Gabbana
Stella Mccartney
Max Mara
Versace
Valentino
Solid & Striped
Zimmermann
Ganni
Mara Hoffman
Oysho
H&M
Calzedonia

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button