Пиете 3 пати на ден и може да го реши проблемот со отечени нозе – напиток кој помага за исфрлање на вода
Отекувањето на нозете во лето е речиси неизбежно, особено ако седите или стоите долго време.
Кога температурите надминуваат 30 Целзиусови степени, многумина се чувствуваат слабо и поспано, но голем е и бројот на оние кои страдаат од отекување на нозете.
Долгото седење и стоење придонесува за тоа, а овој проблем може да биде многу непријатен. Најчесто стапалата и дел од ногата околу зглобот на глуждот отекуваат поради притисокот што го трпат, а симптомите кои се јавуваат се трнење во нозете, болка и чувство на тежина во нозете.
Причината поради која на здравите луѓе им отекуваат нозете во текот на летните месеци е проширувањето на крвните садови што настанува како резултат на изложеност на топлина.
За да ја решите оваа непријатност, повремено туширајте ги нозете со ладна вода, а лекарите советуваат да ги кренете нозете кога ќе имате можност. Исто така, важно е да изберете удобни чевли кои нема да ви вршат притисок, а оние кои многу седат за работа треба што почесто да прошетаат.
Отекувањето на нозете кај здравите луѓе може да се спречи со пиење повеќе течности, пред се вода и чај, а се препорачува и природен напиток кој ќе го забрза метаболизмот и ќе го исфрли вишокот течност од организмот.
Исечкајте лист од магдонос и покријте со 4 dl вода, покријте и оставете да отстои преку ноќ.
Наутро, процедете, додадете сок од лимон и пијте ја оваа количина три пати.
Доколку страдате од отечени стапала, внесете повеќе овошје и зеленчук во секојдневната исхрана, овошје и сезонски зеленчук, добри диуретици, со тоа што мора да се консултирате со лекар доколку земате лекови кои делуваат на ист начин. Цвекло, грозје, боранија, тиква и ананас се добар избор, но исто така се и маслиновото масло, доматите и слатките пиперки.