Пиел дупло кафе и обожувал компот од вишни – ќе се изненадите од овие непознати факти за Гоце Делчев
Неколку факти за Македонецот што го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите.
И Гоце Делчев бил човек од крв и од месо, се смеел, тагувал, плачел, се радувал, љубел, но не мразел.
Тој сакал да го разбере секого без разлика каде е роден, не му влијаело тоа каде живее, без разлика на која етничка припадност бил.
Не попусто рекол:
Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.
Гоце Делчев- срцето на револуционерна Македонија, душата на внатрешната организација, македонскиот Гарибалди. За најзначајната македонска историска личност и неговите идеали се зборува и ден денес.
Преку писмата кои за него ги пишувале негвоите соборци, пријатели, роднини, па и непријатели, дознаваме многу интерсни карактеристики за овој убав човек.
Шармантниот Гоце Делчев важел за маж по кој жените се вртеле, но и мажите не останувале рамнодушни. Имал грациозен став кога застанувал пред група луѓе, зборувал јасно, дикциски и со топол глас кој пленел.
„Секогаш почнува прв со разговорот, а ти го гледаш и се вљубуваш во гласот. И гласот те допира право во душата, во најнежните струни. Те прашува како си со една блискост, со едно сочувство што те тера да веруваш дека тој веќе сѐ ти видел во душата и се возбудува заедно и еднакво со тебе…“, напишал Климент Шапкарев(син на Кузман Шапкарев).
Делчев секогаш одел исправено, достоинствено, никогаш не брзал и имал многу смирено однесување.
И неговиот најдобар другар војводата Михаил Герџиков, долгогодишен соборец на Гоце, запишал дека никогаш не го видел својот другар толку тажен и загрижен како дента кога заминал за Македонија во обид да го спречи предвременото кревање на Илинденското востание. Пред да замине го прегрнал и, со солза во окото, му рекол на Герџиков:
„Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам – татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени.“
Благодарение на писателот Блаже Миневски и неговото најново дело „Ако се родат некакви чувстава“ дознаваме за многу интимни разговори кои Гоцета ги имал со својата љубена Јанка Каневче. Писателот дваесет години истражувал на оваа тема.
Неговата девојка, Јанка Каневче, на сите средби му носела слтако, обожавал слатко од дуњи, сливи, компот од цреши и праски.
Според објавените списи омилен десерт му биле колачите гурабии. Заљубената Јанка со мерак му ги правела и покрај со љубов го засладувала и со овие слатки задоволства.
Делчев многу сакал музика, уживал да слуша песни на италијански јазик, а и малкумина знаат дека обожавал да пее, но и имал многу убав глас.
Бил главен на игранките, на оро секогаш бил ороводец. А омилени песни му биле „Кукни кукавице… гроб да ми закукаш“ и „Жалај ме, Малино моме“.
И ете, по 120 години од неговата смрт, разбравме, како Гоце многу сакал да пие дупло кафе.
„Ќе го сретнеш Гоце на улица, а тој мило те кани да му се придружиш. Влегувате заедно, на пример, во кафеаната „Македонија“, седнува тој, а те поканува да седнеш и ти. Порачува кафе, тешко-слатко, синџирлија, две кафиња во еден филџан, а те понудува да порачаш и ти нешто. Ги собира во џебот манастирските бројаници на кои виси железно распетие на Исус и вади цигари; става една во цигарлакот, систем д-р Кох со стакленце внатре, а однадвор пишува „Кукуш“. Те нуди и тебе со цигара.
Големштината на овој јунак била распрскана насекаде. Луѓето го обожавале, тој бил роден лидер, водач!
Бил голем вљубеник во книгата, постојано читал, а знаел да чита и на грчки, турски, руски и француски книги.
Но меѓу морето од совршености кои го опишуваат овој човек , засекогаш ќе остане нејасно и запаметно најневеројатното откритие, а тоа е што Гоце Делче бил револуционер што никогаш не убил човек!
Честит Илинден Македонци!
Бонус галерија
Гоце во полето на вештачката интелигенција
Тимот на Кома заедно со Небојша Гелевски, кој важи за еден од пионерите на дигиталниот графички дизајн во Македонија, искористија 12 слики со ликот на Гоце Делчев и со помош на вештачка интелигенција направија слики од големиот македонски деец.
Некои од нив погледнете ви продолжение: