Пејач од „Ѕвездите на Гранд“ стана дедо по трет пат – фолкерот не крие дека никогаш не бил посреќен
Од синот има две внуки, а од ќерката - внуче!
Слободан Батјаревиќ Цобе, финалистот од третата сезона во „Ѕвездите на Гранд“, стана дедо по трети пат.
Овој 42 годишен пејач и некогашна Гранд ѕвезда ги потврди среќните вести за „Гранд.онлајн“ и изјави дека неговиот син Небојша ја добил својата втора наследничка на која и го дале името Елиса.
„Дедо по трет пат, што да ви кажам… Добивме големо девојче, бебето е долго 54 сантиметри и тешко 4.5 килограми. Нека ни е жива и здрава“, вели гордиот Цобе за Гранд и додава дека никогаш не бил посреќен.
Маркетинг
Фото: Инстаграм
„Преубаво е чувството да се биде дедо, секој пат кога ќе добијам внука се радувам како никогаш до сега“.
Како што самиот вели, од синот има две внуки, Ана и Елиса, додека од ќерката Слаѓана го има внукот Диего.
Фото: Инстаграм
Инаку, пејачот се оженил кога имал 18 години, а рано се ожениле и неговите деца, па од тука и не чуди што стана дедо по трет пат.
Фото: Инстаграм
На прашањето дали ќе се лути ако го викаат најмладиот дедо на естрадата, тој како од пушка вели:
„Нема да бидам дедо, ќе бидам дедо Цобе (се смее). Тоа е послатко“, вели овој млад дедо горд на своите три внучиња.
Фото: Инстаграм
Инаку Цобе по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ некое време живееше во Германија, но во еден момент реши да и се врати на својата кариера.
Тој во популарното музичко шоу се натпреваруваше во 2007 година заедно со Рада Манојловиќ, Милан Станковиќ и Милан Диниќ Динча од кои како што самиот изјави во една пригода, најголем успех има направено неговата колешка Рада.
Фото: Инстаграм
Но и Цобе по учеството во шоуто се прослави, и како што самиот вели, денес убаво живее од музиката, а најубаво му е кога има слободно време да си игра со внуците.
Фото: Инстаграм
„Навистина внуците се сакаат повеќе од децата. Преубаво чувство, исполнет сум во секоја смисла“, вели Цобе за „Гранд“.