Пејачот Јордан Митев сподели преубава вест – неговата сопруга пресреќна, ова сите ќе ги израдува
Пејачот откри кога ќе биде новата песна, но и дека ќе ја посвети на својата ќерка
Јордан Митев, кој важи за еден од нашите најпознати пејачи, неодамна сподели новост од кариерата, но и од приватниот живот.
Имено, Јордан во последното интервју за Гламур откри како се снаоѓа во новата животна улога, но и кога ќе излезе неговата нова песна.
И како што ни откри, некаде во првата половина од октомври треба да излезе новата песна посветен на неговата ќерка Кристина.
„До сега бев зафатен со доста настапи, веќе полека влегуваме во есенскиот период кој е прилично помирен и наскоро ќе излезе мојата нова песна, песна која ќе биде посветена на мојата ќерка. Некаде во првата половина од месец октомври мојата публика ќе има прилика да ја слушне новата песна а која ќе снимам исто така и видео запис“, изјави Јордан неодамна за Гламур магазин.
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан седум години е во брак со сопругата Славица со која минатата година се остварија во улога на родители.
Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата сопруга се породи додека беше заедно со Јордан на неговата турнеја во Австралија, а од таму е и сопругата.
Имено, Славица е Македонка родена во Австралија, која по свадбата со Јордан решија заедно да живеат во нашата земја.
Фејсбук/ Јордан Митев
Господ им подари прекрасна ќерка
Инаку, со Јордан неодамна поразговаравме и за тоа како се снаоѓа во новата улога, за што пејачот вели:
„Уживам во родителството, тоа е едно посебно чувство посебно кога ќе го доживеете на зрели години, спремен за таа улога во животот. Апсолутно сум посветен на ќерка ми и уживам во тоа да ја гледам како ден по ден напредува и ни подарува насмевки и позитивна енергија на цело семејство“, открива Јордан додавајќи дека Господ им подарил прекрасна ќерка.
Фејсбук/ Јордан Митев
Целото интервју со Јордан прочитајте го тука..