Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Јордан Митев направи џумбуш во Австралија – македонска песна ечеше на сиот глас (фото)

На неговите настапи атмосферата секогаш е топ, посебно кога настапува пред нашинците од оваа земја

Реклама

Нашиот познат пејач Јордан Митев замина на турнеја во Австралија каде во следниот период ќе има повеќе настапи.

Од објавите на социјалните мрежи можеме да видиме дека влезниците за некои од овие настани беа распродадени уште додека фолкерот се уште беше во Македонија, па се закажуваа и нови концерти.

Ова секако дека не е прва турнеја на Јордан во оваа далечна земја каде важи за еден од омилените пејачи на нашинците што живеат таму.

Маркетинг

Неговите настапи во Австралија се секогаш рекордно посетени, а тоа можевме да го видиме и од последната објава на Јордан на Фејсбук.

Маркетинг

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Имено, тој сподели неколку фотографии од неговиот настап во Сиднеј кога заедно со своите колеги направија џумбуш.

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Цела вечер се пееше и играше македонско оро, а пејачот не го криеше задоволството што повторно настапува пред оваа публика.

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

По секоја песна тој беше испратен со овации, а најубавите и најпознатите песни ги пееја сите заедно во еден глас.

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Пејачот по настапот објави фотографија и од својот хотел, но и го најави својот следен настап на кој повторно ќе се дружи со нашинците.

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Инаку, Јордан има посебни емоции кон оваа публика, посебно откако се ожени со Македонка родена во оваа земја.

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Тие се запознаа за време на една турнеја, а пејачот неодамна ги израдува сите кога соопшти дека неговата сакана е во блажена состојба.

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Имено, Јордан во јули оваа година во интервју за „Гламур магазин“ откри дека тој и неговата сопруга наскоро ќе се остварат во улога на родители, а целото интервју со популарниот пејач прочитајте го тука.

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Фото: Фејусбук/ Јордан Митев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button