Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Јордан Митев искрено за животот на село: „Ние немавме којзнае што, но имавме среќен живот“

„Јас пораснав во село, и тоа секогаш го кажувам со гордост“

Реклама

Тој е горд на своето потекло

Не велат за џабе дека нема ништо поубаво од тоа да си дома, со твоите најблиски, со оние што си другарувал од детството.

Ова е непроценливо богатство за многумина, а еден од нив е и нашиот познат фолк пејач Јордан Митев кој секогаш гордо истакнува дека е роден на село, никогаш не криејќи го своето потекло.

Маркетинг

Благодарение на него и неговите настапи низ светот за неговото родно место слушнале и оние кои дотогаш не знаеле ни дека постои.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб

Имено, Јордан Митев по потекло е од радовишкото село Подареш, каде тој и денес живее со своето семејство.

Тој можеше да стане заедно со својата сопруга во Австралија, каде што таа е родена, но тие решија да се вратат во Македонија.

Фејсбук/ Јордан Митев

Тие сега живеат во куќата во која што пораснал Јордан, кој неодамна за Гламур магазин се присети на неговото детство.

„Јас пораснав во село, и тоа секогаш го кажувам со гордост. Немавме којзнае што, основи услови за живот, но имавме живот и секој ден беше исполнет со радост. Мислам дека бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи. Денес се оди на летување не знам каде, зимување не знам каде, ваква опрема онаква опрема и пак некако владее некое незадоволсто. Во мојот живот како дете со моите родители и брат ми единствено место за одмор 3-4 пати во животот и тоа на 3 дена каде што сме биле е Дојран. Толку. Затоа што летно време се береше тутунот, и вие на 40 степени ако тутунот го оставите една недела да не го берете отиде тутунот, ќе изгоре од сонцето. Каква Грција, Турција, Хургада или не знам каде. Тоа можеше да се виде само на телевизија“, се присети Јордан неодамна во разговор за Гламур магазин.

Фејсбук/ Јордан Митев

Тој потоа го додаде и следново:

Па ние се радувавме на Дојран како да сме на Малдиви, толку бевме среќни и тоа на 3 дена, не 14 дена како во денешно време што повеќето одат. Така да со еден збор, јас пораснав скромно, но со високо изградени човечки вредности кои ми беа пренесени од моите родители. Ќе се потрудиме тоа да го пренесеме и на нашето дете, бидејќи сметам дека само така може да се изгради една вистинска личност, заклучи Јордан тогаш.

Целото интервју прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button