Пејачот што пред недела дена пушти солзи на сцената изненаден од Македонија како никогаш досега
Пејовиќ собра повеќе од седум илјади луѓе и сите во еден глас ги пееја неговите песни
Популарниот пејач направи концерт за паметење…
Познатиот пејач Ацо Пејовиќ овој викенд го имаше еден од своите најубави концерти во текот на својата летна турнеја.
Пејовиќ одржа концерт за паметење во Охрид, каде повеќе од седум илјади луѓе заедно со него ги пееја неговите песни.
Охрид ме остави без зборови, беа првите зборови на популарниот пејач по настапот во еден од нашите најубави градови.
Фото: Инстаграм/ Ацо Пејовиќ
Како што пренесуваат медиумите, градот беше во неверојатна сообраќајна гужва заради неговиот настап, а имаше и големи редици луѓе кои чекаа да влезат на концертот и да уживаат во песните на познатиот пејач.
Фото: Инстаграм/ Ацо Пејовиќ
Ова беше еден од најпосетуваните настани оваа година во Охрид, а Ацо под фотографиите што ги објави напиша:
„Охрид, ти благодарам“ напиша пејачот под фотографиите од концертот.
Фото: Инстаграм/ Ацо Пејовиќ
Инаку, на популарниот поп-фолк пејач кој оваа година во склоп на својата летна турнеја постојано настапува во регионот, пред една недела му се случи еден емотивен настан што нема никогаш да го заборави.
Фото: Инстаграм/ Ацо Пејовиќ
Имено, на концертот во Босна и Херцеговина на сцената се појави малата Алмира Петковиќ, девојчето на кое Ацо му помогна пред 10 години.
Фото: Инстаграм/ Ацо Пејовиќ
Тој тогаш го спаси ова девојче така што уплати пари за нејзино летување, и таа сега дојде на сцената да му се заблагодари пред сите.
Пејачот не можеше да ги сокрие емоциите, па заплака кога ја виде малата Алмира, а видеото што беше се уште е вирално на интернет.