ПЕЈАЧОТ СПАСЕН СИЛЈАНОСКИ ОБЈАВИ ПРЕУБАВА ВЕСТ – пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Познатиот пејач ги израдува своите верни фанови
Македонскиот пејач ги изненади сите со својата објава
Еден од најпознатите македонски фолк пејачи Спасен Силјаноски ги израдува своите верни фанови на социјалните мрежи,.
Имено, тој сподели дека освоил прво место на фестивал фолк хит за 2023 со што доби бројни честитки од своите фанови.
Инаку, Спасен со песната „Ќе ти дојдам вечер“ направи вистински бум, и тоа не само во Македонија, туку и во целиот регион.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Неговата песна стана вистински хит на социјалните мрежи, посебно на ТикТок каде има илјадници видеа со музиката од оваа песна.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Песната ја воодушеви и популарната фолк пејачка Теа Таировиќ, која исто така замеша на неговите стихови и ги воодушеви сите.
Инаку, Спасен во последното интервју за Гламур магазин, откри дека има нови песни кои чекаат да бидат снимени, но тоа ќе го направи во зимските денови, кога ќе има повеќе време и ќе биде поопуштен со настапите во Македонија и регионот.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Што се однесува до неговиот хит „Ќе ти дојдам“, тој вели дека секогаш му се полни душата кога ќе види како сите ја пеат во еден глас.
„Формула за правење хит нема! Ако имаш формула сите ќе правевме хитови, едноставно треба да ја чувствувате музиката, да оставите на времето да ви дојде вистински инспирација, да го почувствувате она што треба да го компонирате или испеете и да оставите поголем период откако ќе искомпонирате песна, бидејќи откако ќе ја напишете и искомпонирате песната по неколку недели, па и месеци ви доаѓаат повеќе идеи како би можела да се промени.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Можеби тоа е еден пресуден елемент во мојата работа која ми дозволува во правење на добра песна“, вели Спасен во интервјуто за Гламур магазин во врска со тоа дали постои формула за добра песна. Целото интервју со Спасен прочитајте го тука…