Пејачот повторно изpeвoлтиран, па pacпали по најодговорните во Македонија – овие зборови никого не оставија рамнодушен!
Познатиот македонски фолк-пејач Наум Петрески без влакна на јазикот, директно и остро упати критики, бранејќи ја честа на сите музичари.
Наум Петрески е меѓу најдобрите пејачи на македонската музичка сцена, кој може да се пофали со импозантна ксриера и огромни хитови зад себе.
Не постои свадба или друга семејна прослава која ќе помине без некоја негова песна.
Публиката ги знае напамет сите негови песни.
Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“,
„Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други. Досега објавил 4 албуми, а последниот, со кој го одбележал 25- годишниот јубилеј, го реализирал во 2010 година под наслов „Оди ѕвездо“.
Еден е од ретките кој својот став во врска со актуелните случувања го изразува јавно.
По започнувањето на корона кризата во Македонија и воведувањето на рестриктивните мерки, поради кои финансиска штета освен бизнисите претрпеа и угостителите и музичарите многу од нив јавно се побунија.
Наум на својот Фејсбук профил напиша и статус во кој го изрази својот револт, но откако неговото мислење предизвика бура на реакции и полемики, но и поддршка од колегите, тој одлучи да го избрише.
„Од денеска јавно им кажувам на властите дека повеќе не седам во карантин заради нивната очигледна неспособност да се справи со обичен гpип кој ни го наметнуваат како опaceн. Опaceн – да, за луѓето со попречен имунитет, е на тие луѓе ставете ги во кapaнтин, а не за сите нас. Кој ли вас ве стави на власт????“ – напиша Петрески во април минатата година, но откако медиумите го објавија неговиот статус, истиот набргу го снема од неговиот Фејсбук профил.
Тој во естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри како ги поминуваше деновите на пандемијата.
Наум се пожали и на моменталната ситуација со коронавирусот и откри дека панемијата му донела финансиски минус.
„Секако дека е тешко. Скоро година дена како сме без настапи, преживуваме некако без музика. Меѓутоа не е лесно. Финансиски некаде сум преку 60-70.000 евра во минус. Живееме со плата и пензија од мајка ми и од жена ми и од нешто што сме имале од порано. Меѓутоа тежок е животот секако, целата економија е упропастена.
Не знам како ќе се извлечеме од оваа ситуација. Немам добар поглед кон иднината“, изјави Наум за Бекстејџ.
Деновиве уште еднаш ја изрази својата разочараност и револт.
„Немам коментар. Долу Влада. Најголемите концерти им ги дадоа на владините музичари и тоа е тоа. Нема мерило во оваа земја за квалитет, туку за партиска припадност. Затоа ја губиме и изгубивме земјава“, кратко за Фокус изјави Петрески.