Пејачот од Македонија што ја носеше Карлеуша во раце сподели преубава вест и сите ги израдува (фото)
Неодамна се оствари во улога на татко, а сега славеше роденден и откри колку години наполни
Младиот пејач ги изненади сите
Поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Темелков, правеше шоу додека се натпреваруваше во оваа емисија.
Тој ќе остане запаметен како единствен учесник што ја носеше Јелена Карлеуша во раце, а оваа снимка се уште е хит на интернет.
По завршувањето на шоуто, Темелков ја продолжи својата музичка кариера, а во јануари месец ова година се оствари и во улога на татко.
Инстаграм/ Александар Темелков
Имено, тој и неговата сопруга Сара добие машко дете на кое му го дадоа убавото македонско име Мите.
Пејачот сега сподели уште една убава вест, а објави и неколку фотографии со кои што ги израдува своите фанови.
Инстаграм/ Александар Темелков
Имено тој наполни 25 години, па позираше задно со своето семејство и главниот јунак во нивниот живот, малиот Мите.
Инстаграм/ Александар Темелков
Потсетуваме, Темелков е и еден од ретките кандидати кои своеволно ја имаат напуштено сцената во популарното шоу.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тоа се случи кога на пејачот не му се допадна критиката на жирито, па јавно и се заблагодари на својата менторка Вики Миљковиќ и се откажа од понатамошно натпреварување и продолжи со својата соло кариера.
Од тогаш поминаа скоро пет години, а симпатичниот пејач ниту еднаш повеќе не се појави во популарното шоу.