Пејачот од Македонија што ги расплака сите во „Ѕвездите на Гранд“ го НАПУШТА ШОУТО – Цеца разочарана, и’ беше миленик
Цеца разочарана од одлуката на Поповиќ…
Шармантниот Бојан Илиевски во „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Амна Јушиќ, но според жирито и нивните ментори н двајцата потфрлија.
Бојан овој пат настапи со песните „Зошто си ме мајко родила“ и „Стани моме да заиграш“ и освои само три гласа.
Исто толку гласови освои и Амна, така што и двајцата откако го слушнаа мислењето на жирито, заминаа во бараж.
Според Вики Миљковиќ и двајцата кандидати треба да одат во бараж, иако таа гласала во последниот момент.
Број еден, сладок си и симпатичен, пееше две македонски песни, така што јас мислам дека повторно треба да пеете во бараж, изјави таа.
Од друга страна рокерот Ѓорѓе Давид изјави дека доколку би имало прегласување предност би му дал на Бојан, додека Снежана Ѓуришиќ го критикуваше дека песните ги пеел тезгароши и дека затоа не гласала.
„Леле, леле, леле, батка мој, па така не се пее и твојата и наша Македонија. Брате родени, зошто не ја успори матрицата, па не се важни трилерите, во втората песна постојано доцнење. Има во тебе штоф, ама јас велам дека ова воопшто не го разбирам“ изјави Босанац за кандидатот од Македонија, а потоа ја критикуваше и пејачката пто пееше со него во дуел.
Од друга страна Бекута го пофали за изборот на песните, а потоа следуваше и коментарот на Цеца Ражнатовиќ.
„Што се однесува до Бојан, Ана е во право за првата песна. И втората песна е на твојот мајчин јазик и сакавме да се разиграме малце. Но во двете песни влезе фалш, распеј се малку до баражот, му порача Цеца која беше негова менторка во ова популарно музичко шоу.
Инаку, Бојан кој во претходните кругови ги воодушевуваше сите, овој пат не успеа да го помине во баражот.
Посебно емотивен беше неговиот прв настап во шоуто, кога ги трогна сите со неговата тажна животна приказна. Тој и тогаш во шоуто беше дојден со својата баба која пред публиката и жирито откри дека Бојан нема ни татко ни мајка.
Во тој момент му беше тешко и на Бојан кого исто така го совладаа емоциите, па утеха му беше водителката.
„Храбро момче, секоја чест. Вака требаше да се издржи, но ова е заслужено, во тоа не се сомневам“, му порача тогаш Сања Кужет, по што следуваше громогласен аплауз како од жирито така и од публиката.
Ова беше еден од најемотивните моменти во историјата на шоуто, по што пејачот ја избра Цеца за своја менторка.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд