Наши ѕвезди

Пејачот од Македонија направи хаос во „Ѕвездите на Гранд“ – зборовите на Марија нема да ги заборави никогаш

Ова беше еден од оние настапи за кои уште долго време ќе се зборува и споделува на социјалните мрежи

Advertisement

Еден од најдобрите настапи досега

Омар Џафероски (23) кој оваа сезона е во тимот на Ѓорѓе Давид ги воодушеви сите со својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Тој настапи во дуел со колегата Армин Зукиќ и освои шест гласови, додека неговиот ривал доби еден глас помалку.

Марија Шерифовиќ прва ги коментираше пејачките, па истакна дека Омар ја воодушевил со песната од Тони Цетински.

Advertisement
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

„Песната ‘Од милион жени’, на Тони Цетински, досега за овие 9 години сум ја слушнала 9000 пати, но вака технички, прецизно, украси, тонирање, динамика, ова вака никој не го испеал и не може“, му порача Шерифовиќ на пејачот, а со неа се сложија и останатите членови на жирито.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Омар и претходната сезона учествуваше во шоуто, а потоа едно време беше во Америка, каде што е роден.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

Но тој во претходната сезона кога победи Славица Ангелова, не постигна некој позначителен успех, па реши повторно да си ја проба среќата.

Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд

И повеќе од очигледно е дека го направи вистинскиот потег, така што сега тој заедно со Мики Секуловски е еден од најдобрите.

Како Омар звучеше на својот последен настап, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button