Пејачот од Македонија ги расплака сите во „Ѕвездите на Гранд“ – НАЈЕМОТИВНИОТ момент што досега се случил во шоуто!
Ваков „расплет“ никој не очекуваше!
Александар Јосифовски, од тимот на Ѓорѓе Давид, и Енис Тодиќ, кандидатот на Цеца, настапија последни во полуфиналната вечер во Ѕвездите на Гранд.
И двајцата натпреварувачи од жирито успеаја да освојат по шест гласови, но Саша Поповиќ како од пупка го избра Јосифовски и го испати во финалето.
Менторот на Александар, Ѓорѓе Давид, кога вие дека неговиот кандидат оди директно во финалето, не можеше да ги сокрие емоциите, впрочем како и мајката на пејачот, Елизабета Неданоска-Jосифовска, на која исто така и потекоа солзи додека го следеше настапот на својот син.
Вики Миљковиќ прва го забележа својот колега, па изусти:
„Ѓорѓе плаче“.
„Плаче и Александар“, додаде Цеца.
Колегите од жирито им честитаа и на двајцата за постигнатиот успех, а потоа и Александар со солзи на очите им се обрати на сите.
„Навистина ми е драго што Ѓорѓе и јас успеавме во ова. Ова е голема љубов“, изјави тој со растреперен глас.
Потоа Ѓорѓе, кој не можеше да ги совлада емоциите, одлучи пред сите да сподели зошто целиот овој настан толку многу го погоди.
Тој најпрво изјави дека минатата година кога го прашал Саша Поповиќ зошто неговиот кандидат не поминал во финалето, тој му кажал дека му изгледа „некако мpтов“ и дека нема сила. Ѓоле потоа додаде:
„Овој човек што стои тука беше ноторен алкохоличар, имаше страшни проблеми, не можеше да е отрезни, не знаеше кога е ден а кога е ноќ. Оваа сезона кога го вратив имав само еден услов, а тоа е да прими блокатори и да заборави на алкохол, на што тој се согласи. Ти на продукцијата и должиш милион долари, а на мене 100 илјади за секоја мака што ми ја приреди“, изјави Ѓоле пред камерите, цело време бришејќи ги солзите од очите.
Жирито на оваа приказна остана без зборови, како и публиката, а потоа збор доби и Цеца Ражнатовиќ.
„Јас само сакам да кажам, дека Александар беше фантастичен. Од моментот кога го видов тоа го велам. Ти честитам душо, влегуваш во финалето. Енис, ти ја посакувам целата среќа во баражот и да те видам во финалето“, му порача популарната пејачка на својот кандидат.
Александар им се заблагодари на сите и порача дека нема да ги разочара, а воодушевена беше и неговата мајка.
Инаку, покрај Александар директно во финалето помина и уште една пејачка од Македонија, Андријана Петрушовска, која исто така е во тимот на Ѓорѓе. Покрај нив во финалето диретно се пласираа и Нермин Ханџиќ, Сандра Младеновиќ, Мустафа Мехиќ, Велид Ханџиќ и Мелиха Имшировиќ.
Солзи радосници предизвика и Кенан Дервишевиќ, а потоа поминаа и Срѓан Станиќ, Тамара Живковиќ, Алема Бајровиќ.
По 13-те фантастични дуели, дури 15 од натпреварувачите завршија во бараж, а од таму во финалето се пласираа и Маја Милутиновиќ, Ханад Џехверови, Николина Џекановиќ, Жељко Вукчевиќ и Ненад Османовиќ.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски