Пејачот Мики Секуловски со она што го објави расплака многумина – моли за помош за ова мало девојче
Мики Секуловски објави фотографија од едно мало девојче на кое итно му е потребна нашата помош
Ги замолуваме сите добри луѓе кои се во можност да му излезат во пресрет на ова детенце, во склад со своите можности
Оние што го следат Мики Секуловски на социјалните мрежи денес беа изненадени со неговата последна објава.
Имено, 36 годишниот пејач од Велес кој моментално е актуелен со своите настапи во „Ѕвездите на Гранд“ сподели фотографија од малата Срна која е болна и на која и е потребна нашата помош.
Фејсбук
Нејзината фотографија на која лежи во болничкиот кревет, држејќи го во рацете своето меченце и со цуцла во устата, едноставно никого не можеше да остави рамнодушен, па очигледно ни Мики.
Станува збор за тригодишно девојче кое во октомври 2023 година развива сепса заради уринарна инфекција што преоѓа во тешка форма и остави трајни оштетувања на едниот бубрег. И додека семејството се бори со административните процедури за лекување надвор од Државна клиника, девојчето добива нова сепса и моментално е хоспитализирана во Систина каде што постои можност за нови испитувања, оперативно лекување и целосно опоравување.
И како што пишува во објавата што ја сподели Мики, состојбата на Срна се уште не се подобрува, иако поминуваат денови.
Па заради нејзино итно и поуспешно лекување родителите на Срна бараат мала помош од сите оние што се во можност.
Средствата од донациите ќе бидат искористени за сегашниот престој на Сара во болницата, контролите, новите прегледи и на крај за оперативниот зафат.
Донациска сметка во банка:
210501614179280 – Васка Цветаноска Панова
IBAN: MK07210501614179280
Swift code: TUTNMK22
Можете да помогнете и на следниот линк >>