Пејачот Мики Секуловски откри преубава вест – сите му испраќат честитки, никогаш не бил посреќен
Еве што вели македонската Гранд ѕвезда по невидениот спектакл што го направи во родниот град
Мики не престанува да ги воодушевува своите фанови
Се уште не стивнуваат реакциите поголемиот концерт што Мики Секуловски го приреди претходниот викенд во родниот Велес.
Па така за оваа негова „фешта“ на која имаше илјадници луѓе, а специјални гости му беа Андријана Петрушовска, Омар Џаферовски и Лина Пејоска пишуваа и медиумите во соседството, а Мики за порталот „Гранд.онлајн“ откри дека е презадоволен од концертот.
„Многу сум задоволен како ме дочека народот и ми беше чест и задоволство да пеам за нив. План ми е својата нова песна да ја промовирам на почетокот од септември“, вели Мики откривајќи дека има неколку понуди од различни автори така што му треба малку време да одлучи која песна да ја избере.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики повторно се најде во центарот на вниманието по неговите генијални настапи во „Ѕвездите на Гранд“. Тој иако не очекуваше да постигне ваков резултат и малку фалеше и воопшто да не се појави во шоуто, на крајот со гласовите на публиката што ги доби и тоа најмногу од Македонија, го освои второто место.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тој беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, која за цело време додека траеше натпреварот не криеше дека се гордее со него.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Мики неодамна беше и гостин на нејзиниот концерт во Битола, а и за овој настан пишува медиумите во соседството.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Емоциите беа посебни кога тие двајцата се појавија на сцената и заедно запеаја, а како сето тоа изгледаше, погледнете тука.
Бонус галерија
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Концертот на Мики во Велес
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инстаграм/ Мики Секуловски