Пејачот Марјан Коцев сподели радосна вест, честитки простигнуваат од сите страни – тој е пресреќен
Голема радост во домот на пејачот
Наследникот на Марјан Коцев тргна на училиште
Марјан Коцев важи за еден од најпознатите машки вокали во нашата зема кога е народната музика во прашање.
Неговата песна „Бекрија љубовџија“ е една од најголемите фолк хитови без која не може да започне ниту една веселба.
Но пејачот во изминативе неколку недели покрај обврските околу музиката, се подготвуваше и за почетокот на школската година.
Фејсбук/ Марјан Коцев
Имено, неговиот син Данило оваа година е прваче, па гордиот татко сподели фотографија со него и сите ги изненади.
Фејсбук/ Марјан Коцев
„Моето прво и моето прваче“, напиша Марјан на фотографијата што ја сподели на Инстаграм, а на која е и неговата ќерка Дуња.
Фејсбук/ Марјан Коцев
Потсетуваме, Марјан во 2010 година и се заколна на вечна љубов на својата сакана Билјана ,а круна н нивната љубов се нивните две деца.
Фејсбук/ Марјан Коцев
Тие важат за хармоничен пар, а Марјан во една пригода за Гламур магазин го откри нивниот рецепт за успешен брак.
„Секој брак си има успони и падови. Па и нашиот не е идеален но наоѓаме компромис, разговараме, дискутираме на крај ги решаваме проблемите. Така да кога ќе се најдат вистинските вредности во животот и ќе го согледате се она околу вас што ве опкружува и кога ќе има толеранција со партнерот (од двете страни) кога ќе бидете трпеливи, и татко и домаќин и шофер (ха ха) има хармонија во фамилијата. А најголем магнет се децата! Главна карика во секоја фамилија! Имам голема поддршка од сопругата и доста ми помага во мојата кариера“, изјави тогаш Марјан за Гламур магазин.