Пејачот Марк Ентони објави заедничка фотографија со Џенифер Лопез и нивната ќерка – неговата порака ќе ви ги насолзи очите
Тие се вистински пример дека пријателството меѓу двајца поранешни партнери може навистина да постои.
Познатите пејачи Марк Ентони (51) и Џенифер Лопез (50) се совршен пример за тоа како поранешни сопружници треба да се однесуваат по разводот.
Нив двајцата засекогаш ќе ги врзуваат близнаците Еме и Макс што ги добија во нивниот десетгодишен брак.
Тие и двајцата сега имаат нови партнери – Џеј ужива покрај свршеникот Алекс Родригез, кој има две ќерки и со кои се вистинско шестчлено семејство. Таа не ретко објавува фотографии на кои Алекс е и со близнаците, а нејзиниот поранешен сопруг неодамна објави фотографија на која е заедно со Џенифер и нивната ќерка Еме која и двајцата ја држат за рацете додека оди на училиште.
Она што најмногу ги воодушеви фановите е неговата емотивна порака што ја напиша покрај фотографијата „Ништо освен љубов измеѓу нас“ покрај која ја означи Џеј Ло.
Според она што го објави Џенифер на Фејсбук најверојатно тие тргнале заедно на концертот во училиштето на нивната ќерка.
Џеј Ло и Марк Ентони беа во брак десет години – од 2004 до 2014, а откако се разделија важат за еден од најдобрите примери како поранешни сопружници треба да се однесуваат. И тоа не ретко го покажуваат во јавност, воодушевувајќи ги своите фанови со нивниот однос.
„Искрено, секогаш ќе бидеме пријатели. Ќе бидам тука секогаш за него, и тој ќе биде тука секогаш за мене. Ние делиме нешто посебно, а тоа се нашите деца, и свесни сме за тоа и двајцата. Тука сме за нив и тоа е она што е најважно“, изјави Џенифер во 2017 година за магазинот „People“.