Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот Ламбе Алабаковски по втор пат станува татко – неговата сопруга е бремена повторно

Реклама

Пејачот Ламбе Алабаковски и неговата поубава половина наскоро повторно ќе се остварат во улога на родители.

Пејачот кој веќе неколку години живее и работи во Америка на социјалните мрежи сподели фотографија од ултразвук на стомакот на неговата сакана.

Маркетинг

Од фотографијата можеме да видиме дека неговата сопруга е бремена, а Ламбе под неа напиша:

„Радувајте се на малите нешта во животот тие се Најголеми! Радоста наша верувам е и ваша“.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабакоски

Инаку Ламбе на кој ќе се сеќаваме по неговите песни кои станаа заразни и за помладата популација, веќе неколку години заедно со својата сопруга Магдалена и синот Михаил живеат во Америка.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабакоски

Тој успешната музичка кариера ја замени со улогата на горд и грижлив татко, а тоа можеме да го забележиме и од социјалните мрежи на кои не ретко објавува фотографии од кои можеме да видиме дека ужива максимално во семејниот живот заедно со неговиот петгодишен син.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабакоски

Тој својата сопруга ја запроси на празникот Голема Богородица пред манастирот „Свети Јо­ван Бигорски”.

Поврзано

Back to top button