Пејачот Ламбе Алабаковски по втор пат станува татко – неговата сопруга е бремена повторно
Пејачот Ламбе Алабаковски и неговата поубава половина наскоро повторно ќе се остварат во улога на родители.
Пејачот кој веќе неколку години живее и работи во Америка на социјалните мрежи сподели фотографија од ултразвук на стомакот на неговата сакана.
Од фотографијата можеме да видиме дека неговата сопруга е бремена, а Ламбе под неа напиша:
„Радувајте се на малите нешта во животот тие се Најголеми! Радоста наша верувам е и ваша“.

Инаку Ламбе на кој ќе се сеќаваме по неговите песни кои станаа заразни и за помладата популација, веќе неколку години заедно со својата сопруга Магдалена и синот Михаил живеат во Америка.

Тој успешната музичка кариера ја замени со улогата на горд и грижлив татко, а тоа можеме да го забележиме и од социјалните мрежи на кои не ретко објавува фотографии од кои можеме да видиме дека ужива максимално во семејниот живот заедно со неговиот петгодишен син.

Тој својата сопруга ја запроси на празникот Голема Богородица пред манастирот „Свети Јован Бигорски”.