Пејачот Зоран Ванев се врати во својот роден крај – ќе се изненадите каков фраер стана неговиот син
Познатиот пејач повторно се врати во татковината.

Зоран долги години живее во Цирих, но никогаш не заборави од каде доаѓа.
„Ангела Ангела“, „Јужна пруга“, „Лила“, „Моника“ се песните кои ги испеа Зоран Ванев, а кои до ден денес се големи хитови и ги пеат новите генерации, но се помалку го знаат пејачот кој ги изведува.
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
Својата кариера ја започна кон крајот на 90-те и ги испеа хитовите без кои не може да помине ниту една веселба во земјава.
Откако се пресели од земјава и замина да живее во Швајцарија, својата музичка кариера Ванев ја стави во мирување.
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
Таму дипломираше на на Природно-медицинскиот факултет и отвори своја ординација.
Иако се чинеше дека никогаш повторно нема да се врати во музичките води, сепак љубовта кон музиката повторно победи.
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
Зоран Ванев од минатата година почна повторно да настапува во Македонија, Србија, но и во дијаспората.
Редовно има свирки и работи со полна пареа.
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
Иако ја гази шестата деценија од животот, тој изгледа фантастично.
Активен е на Инстаграм каде своите фанови ги израдува со веста дека повторно се враќа во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
Но, овој пат не е сам, друштво му прави неговиот син, кој премногу наликува на него.
Неговиот наследник не тргна по неговите стапки, но е доста успешен во ракометот.