Пејачот Зоран Ванев и на 50 г. изгледа како момче – фотографиите што ги објави ги изненадија сите
Иако започна да ја гази шестата деценија од животот, македонскиот пејач изгледа исто како на почетокот на кариерата.

Новите фотографии кои Зоран Ванев ги сподели на социјалните мрежи се доказ дека времето запрело за него.
„Ангела Ангела“, „Јужна пруга“, „Лила“, „Моника“ се песните кои ги испеа Зоран Ванев, а кои до ден денес се големи хитови и ги пеат новите генерации, но се помалку го знаат пејачот кој ги изведува.
ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев
Својата кариера ја започна кон крајот на 90-те и ги испеа хитовите без кои не може да помине ниту една веселба во земјава.
Откако се пресели од земјава и замина да живее во Швајцарија, својата музичка кариера Ванев ја стави во мирување.
ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев
Иако многумина мислеа дека никогаш повторно нема да се врати на сцената, љубовта кон музиката победи и тој повторно запеа.
Пред извесно време дури се врати и во Македонија, каде настапуваше со своите колеги.
ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев
Во моментов тој е во Австралија, каде често има настапи.
Таму веќе е лето, па луѓето ги користат сончевите денови на плажа.
ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев
Ванев не одолеа на австралиската убавина, па покажа како ужива на плажа во Сиднеј.
Иако наполни 50-години мора да се признае дека изгледа фантастично, скоро исто како на почетокот на музичката кариера.
Погледнете и уверете се: