Реклама
Наши ѕвезди

Пејачот до гуша е во долгови, а ќе прави гала роденден на синот: Дарко Лазиќ за забавата ќе пукне 30.000 евра!

Реклама

За првиот роденден и за крштевката на својот син Алексеј, пејачот Дарко Лазиќ планира да потроши 30.000 евра, иако веќе е во долгови до гуша. Фолкерот се задолжил половина милион евра, но тоа не го спречува да направи луда журка за наследникот кој го доби со вереничката Марина Гајиќ.

Лазиќ вели дека на неговипт син ништо не траба да му недостасува во животот, без оглед на тоа што семејството му е во тешка финасиска криза.

Маркетинг

„Вистина е дека должам 500.000 евра и работам на тоа да ги вратам. Поголем дел од заразботката ми оди на враќањето на тие долгови. Сепак, кога станува збор за Марина и Алексеј, ним ништо не треба да им недостасува. Веќе подолго време планираме прослава за роденденот на Алексеј и крштевка и само чекавме коцките да се склопат“, раскажува Дарко.

Маркетинг

Лазиќ веќе резервирал голема сала во еден луксузен хотел во Пеќинци, родното село на својата љубена. Таму ќе се соберат 500 гости, а меѓу нив ќе се најдат и многу познати личност.

„За Дарко тоа е многу важен ден и сака се да биде совршено. Затоа ја избра најскапата храна од менито за 500 гости и тоа ќе го чини 16.500 евра. Уште 3.000 евра одвои за сместување на гостите кои ќе дојдат од подалеку, а сакаат да се напијат и да се опуштат, па да има каде да преспијат, вели извор.

Вереницата на Лазиќ, Марина инсистирала на богата декорација и огномет.

„Марина му е слабост на Дарко, па реши да ѝ ги задоволни сите нејзини барања. Се ќе биде полно со природно цвеќе, слатки ѓаконии. Се подготвува и спектакуларен огномет. Кога се ќе се собере, тој ќе потроши минумум 30.000 евра“, зборува изворот.

Инаку на Дарко Лазиќ многу колеги и пријатели наводно му свртеа грб зошто тој, според пишувањето на медиумите, воопшто не му дошол паметот и повторно си игра со судбината. После проблемите со законот, тој сега се соочува со нови непријатности, зошто нема ничија поддршка освен од кумата.

„Дарко е сам виновен што никој повеќе не сака да биде со него во другарски односи. Колегите кои му се нашле после неговата страотна несреќа многу се разочарани, зошто тој никому не му јавува на телефон, тука само тој се јавува кога му треба нешто.

Tоа е една од причините, а другата е што сметаат дека не се смирил и се уште си игра со судбината и со животот, вели извор.

„Ќе ви дадам прост пример со Џани, ако некој трчаше и беше тука за Дарко тоа беа Џани и Слаѓана. Постојано го бранеше, му позајмуваше пари, го поддржуваше, го гледаше како син, а сега кога на Џани му се случи ова со притворот, ниту порака не му пушти. Исто така беше и со Милица Павловиќ која јавно се пожали дека му е лута на колегата зошто му се јавува повеќе пати, и му праќа пораки прашувајќи како е, а тој не и одговара. Да не набројувам кој се се жалеше од него. Затоа и никој повеќе не сака да се слуша со него, ниту некого го интересираат неговите проблеми и глупостите кои ги прави“, вели извор и додава:

– И Дарко сфати дека колегите го избегнуваат, но се прави дека не знае, па уште и вели дека не сака со никого да контактира“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button