Пејачот Дарко Лазиќ ја изневерувал Марина со оваа позната дама, а најверојатно нема ништо и од свадбата и венчавката?
На Дарко не му е сеедно откако ова е појави во јавноста
Иако врската на познатиот српски пејач Дарко Лазиќ и неговата седум години помлада свршеница Марина Гагиќ, на прв поглед изгледа идилично и како постојано да им „цветаат рози“ во заедничкиот живот, очигледно не е така.
Имено, парот наскоро требаше да оди и пред олтарот, но се чини дека не е баш сé толку совршено. Имено, се појавија информации дека Дарко ја изневерува Марина, со 26-годишната Хрватка Ива Гргуриќ, скандалозна учесничка во реалното шоу „Задруга“, пишува Телеграф.
Ива беше на настапот на Дарко во еден клуб со уште две старлети и три постари момци. Веројатно тоа беа нивните спонзори…
Имено, српските медиуми дознаваат дека 28-годишнит Лазиќ и старлетата се запознале пред две години во Хрватска по еден негов настап. Ива беше на гостувањето на Дарко во еден клуб со две други старлети и три постари момци. Веројатно тоа беа нивните спонзори, бидејќи Ива и нејзините пријателки се забавуваа и флертуваа во паузите на својата офанзивна игра, додека мажите ги набљудуваа лакомо од сепарето.
„Ива му испраќала сигнали на Дарко, покажувајќи му дека го чека неговиот знак, а кога завршил да пее, му пристапила на неговиот менаџер и го замолила да го запознае“, изјави извор близок до музичарот за медиумите.
Тој додава и дека е сигурен дека таа вечер Дарко и Ива им се препуштиле на страстите во еден хотел во Опатија.
Потоа, комуникацијата на Дарко и Ива продолжила преку СМС пораки кои што Дарко ги бришел пред секоја средба со Марина. Тие се видоа уште неколку пати, исто така и во Хрватска, а Ива во него виде добро момче од кое лесно може да „заработи“ пари, па така и го стори тоа.
Неименуваниот извор продолжи понатаму за деталите околу неверството на познатиот музичар.
„Дарко не и беше лојален на Марина на почетокот на врската и одвреме-навреме се дружеше и со Ана Севиќ. Во тоа време, тој беше и со Ива, која добро го обработи и постојано бараше од него скапи брендирани алишта, парфеми, очила за сонце и чанти. Мислам дека и даваше и пари, бидејќи Дарко беше поприлично загреан за неа, но беше свесен дека не може лесно да ја задржи само за себе“, вели изворот. Тој додаде и како Марина открила дека момчето ја изневерува, пренесе хрватскиот Стори.
Имено, според изворот, Дарко бил во тоалетот во нивниот заеднички дом кога му пристигнала порака од Ива. Таа тогаш му пишала: „Зошто тишината?’’, а Марина ги видела и фотографиите што му ги праќала.
Не можеше да чека Дарко да излезе од тоалетот, туку почна да му треска на вратата и бараше објаснување. Дарко и кажа дека станува збор за некоја луда обожавателка чии пораки ги игнорирал. Набргу потоа, Дарко ги прекина контактите со Ива затоа што врската со Марина станала посериозна “, вели изворот, откривајќи дека дури откако започнало шоуто „ Задруга 3“ неговата свршеница дознала која е Ива и тогаш сé и било јасно.
Таа сега живее во страв дека Ива ќе ги открие деталите за нејзината врска со Дарко, заклучува изворот.
Инаку, познатиот пар до неодамна беше окупиран со планови и големи подготовки за нивната гала свадба која беше планирана за оваа есен. Но и нив како и бројни други парови ги затекна ситуацијата со пандемијата, па решиле да ја откажат венчавката, пишува Блиц.
Се откажаа Олимписките игри. Ќе ја откажеме и ние венчавката и свадбата, изјави познатиот пејач.
„Целиот свет застана. Сега и не размислуваме за тоа. Сега единствено ни е важно сите што ги сакаме да бидат здрави и сите да бидеме дома бидејќи тоа е единствениот начин“, изјави пејачот и додаде дека заради пандемијата со корона вирусот морале да застанат и со работите на нивната куќа, во која го чуваат деветмесечниот Алексеј. „Тоа е најмалку важно. Важно е луѓето да се живи и здрави. Ќе биде сé, и куќата и прославата, и концертите. Сега е најважно да бидеме солидарни и дисциплинирани“, заклучува Лазиќ.