Наши ѕвезди

Пејачот Дарко Лазиќ се плаши да не го остави невестата?

Advertisement

Пејачот Дарко Лазиќ откри дека во последно време ретко има интимни односи со 20 годишната свршеничка.

Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Како што пренесува српскиот Блиц, причината поради таквиот однос меѓу пејачот и Марина Гагиќ која пред два месеци го роди нивниот син Алексеј, не е криза во врската туку вештачкиот колк кој му е вграден по сообраќајната несреќа што ја предизвика под дејство на алкохол.

Advertisement

„Мојата Марина постојано се жали што ретко водиме љубов во последно време. Тоа не беше така пред да ми се случи сообраќајката. Проблемот е во мене што ми се појави голем страв да не го повредам колкот за време на таквиот чин, па не можам никако максимално да се опуштам.“

Фото: Инстаграм/ Марина Гагиќ

„Повредите што ги имав се многу сериозни и морам да внимавам на килограмите, но и додека водам љубов“, изјави 28 годишниот пејач и призна дека се плаши поради тоа Марина да не си најде некој друг и да го остави.

Фото: Инстаграм/ Марина Гагиќ

„Нормално е таа да има свои потреби, млада е и интимните односи се дел од секоја врска. Зборував со докторите и ми кажаа дека нема потреба толку многу да се плашам. Но, не е лесно кога психата и главата е во прашање. Се надевам дека за брзи време ќе се средам и се ќе дојде на свое место“, вели искрено Дарко и додаде дека би посетил и психијатар доколку почувствува дека има потреба од тоа.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button