Пејачот Александар Јосифовски откри што има заедничко со една од НАЈУБАВИТЕ водителки во регионот и сите ги воодушеви
Пејачот ги изненади своите верни фанови…
Публиката од целиот регион го обожава, а за неговите настапи секогаш се бара карта повеќе. По завршувањето на натпреварот работи под полна пареа, а поприлично активен е и на социјалните мрежи каде со обожавателите постојано споделува моменти од својот живот…
Познатиот македонски пејач кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски, наскоро ќе ја израдува својата публика со уште една песна.
Како што самиот откри и преку својот профил на социјалните мрежи, песната е за македонското музичко поднебје, а е напишана од Григор Копров.
Што се однесува до текстот, еден дел е негов, додека другиот е на познатата водителка Сања Чулибрк, откри Александар за „Гранд.онлајн“.
„Песната ќе покае како може да изгледа секоја љубов кон жената“ , додаде пејачот.
Инаку, Александар пред неколку недели го објави дуетот со колешката Белма Хусеинефендиќ која помина одлично кај публиката. Тој неодамна се врати и од турнејата во Америка на која што беше поканет од страна на тимот на Лепа Брена и не крие дека е пресреќен што ја имаше таа чест да настапува заедно со балканската фолк-кралица.
„Месец дена пред турнејата ми се јавија да ме прашаат дали сум слободен и ми кажаа да дојдам со Лепа Брена на турнеја“ изјави Александар неодамна во емисијата Гранд.онлајн откривајчи и што мисли за Брена како жена.
Тој не крие дека тоа за него бил вистински шок, но и дека воопшто не било лесно да се настапи во сите градови во кои што со Брена имале закажано концерти.
„Си кажав ‘вау’ и морам да кажам дека додека работевме на оние први концерти и патувавме од град до град, што беше премногу напорно, на мене навистина ми беше срам да кажам дека сум изморен, а ова жена има таква енергија!“ откри Јосифовски воодушевен од познатата пејачка.
Фото: Принтскрин/ Сања Чулибрк
Фото: Принтскрин/ Сања Чулибрк
Фото: Принтскрин/ Сања Чулибрк
Фото: Принтскрин/ Сања Чулибрк