Пејачката Миа Борисављевиќ ги осигура нозете во Швајцарија на 200.000 евра, пишуваат српските медиуми
Во случај нешто да и се случи на нозете, осигурителната компанија во Цирих ќе и плати огромна сума на пари
Миа ги следи светските трендови, а во последно време припадниците на светскиот џет-сет ги осигуруваат своите гради, нозе, задници… Па така и Миа смета дека секоја инвестиција во животното осигурување, па дури и на поедини делови од телото е вложување во лична сигурност и единствен начин да се заштити од неизвесна иднина. Затоа пејачката реши нејзините нозе да ги заштити на дури 200.000 евра, изјави извор близок до пејачката.
Инаку, првата балканска пејачка што го направи тоа е Снежана Бабиќ Снеки. Таа уште во 2009 година ги осигура своите нозе на милион долари. Пејачката тоа го направи во германска филијала на една од најпознатите осигурителни компании. Со тоа и официјално го заштити својот најголем адут долг 125 сантиметри, пренесе Информер.