Вистинска идила.
Балканската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ по велигденскиот карантин максимално го искористи убавото време.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која ужива во убавиот сончев ден покрај базенот.
Пејачката додаде и многу интересен коментар на самата фотографија на која се гледа и реката Дунав.
„Дунаве, Дунаве, крај тебе моето срце остана“, напиша познатата пејачка на фотографијата. Останува непознато дали овие зборови содржат и скриена порака.
Колегите и завидуваат на Цеца
Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ (46) заработува 150.000 евра годишно на Јутјуб! Фолк ѕвездата стана рекордерка во регионот – таа е прва пејачка која има милион следбеници на овој видео сервис. Нејзините снимки досега вкупно имаат преку милијарда и пол прегледи! Поради овие видеа Ражнатовиќ и во време на пандемија заработува добро.
Цеца го отвори својот канал на Јутјуб во 2012 година и на него ги има сите нејзини видеа, како и разни интервјуа, вклучително и снимка од нејзината свадба со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сите овие снимки имаат милионски прегледи, а нејзината најпопуларна песна е „Трепни“ од 2016 година. Песната има повеќе од 68 милиони прегледи – раскажува изјави извор близок до пејачката и додава:
„Цеца нема склучено договори со ниту една продукција, како што тоа го прават повеќето нејзини колеги, така што не мора да ги дели приходите со никого. Сепак, на неспонзорираните канали, каков што е на Цеца, Јутјуб заработката ја исплаќа на крајот на годината. Така, Цеца заработува околу 100 000 евра годишно во последните три години, а како што расте нејзината популарност, расте и добивката. Последен пат на нејзината сметката се исплатени повеќе од 150.000 евра!