Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Сузана Спасовска ги предупреди фановите – шокантни пораки се шират за нашите ѕвезди

Граѓаните не треба да наседнуваат на ваквите лажни информации

Реклама

Нашата позната фолк-пејачка, Сузана Спасовска, деновиве се најде во непријатна ситуација и стана жртва на интернет измама.

Имено, на интернет се појавија лажни реклами со фотографии на пејачката во кои таа, наводно, рекламира производи за нега на лице.

Станува збор за реклама за крема со која наводно исчезнуваат брчките од лицето, а која што, наводно, ја рекламира Сузана Спасовска.

Маркетинг

Принтскрин

На овој начин таа стана жртва на измама посебно што во споменатата реклама се појави и нејзина лажна изјава, за тоа колку пејачката е воодушевена од производот, дека истиот и помогнал да се реши од брчките на лицето, па сега им го препорачува на сите.

Маркетинг

Принтскрин

Од овие причини Сузана Спасовска реши да се обрати преку социјалните мрежи и да ги предупреди сите дека станува збор за измама.

Како што самата вели, не само што никогаш не ги користела овие производи, туку потенцираше и дека станува збор за страшна злоупотреба на нејзиното име, лик и дело.

Едноставно, ова е лага. Не наседнувајте на ваквите интернет измами, ве молам. Од срце Ваша Сузана!, предупреди Сузана.

Инстаграм/ Калиопи Букле

Во слична ситуација неодамна се најде и Калиопи Букле, а нејзиното име тогаш беше злоупотребено на уште пострашен начин.

Принтскрин

Имено, на интернет тогаш се појавија лажни фотографии на кои Калиопи е во болничка постела, а во прашање е фотомонтажа.

Принтскрин

Покрај морбидните фотографии, истите беа проследени и со страшни лажни вести дека пејачката наводно е тешко болна, и дека докторите, наводно, се борат за нејзиниот живот.

Ова секако дека предизвика шок кај многумина, но и бес и голема горчина и кај самата Калиопи која што веднаш се огласи и откри дека за сторителите на ова нехумано дело е започната кривична постапка која што ја водат надлежните органи и дека е крајно вознемирена што некој вака го злоупотребил нејзиното име, без трошка совест и морал.

Инстаграм/ Калиопи Букле

Потсетуваме, вакви ситуации не се реткост, а јавните личности често стануваат жртви на лажни реклами за лажни производи.

Покрај Сузана и Калиопи, и многу други познати личности како кај нас, така и во регионот, се нашле во слична ситуација, така што овие лажни реклами станаа значаен проблем со современата медиумска култура.

Од овие причини ве советуваме да не наседнувате на вакви информации и пред да порачате нешто, најпрво убаво проверете.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button