Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Сенидах оди на Евровизија – Словенците ја избраа својата претставничка!

Реклама

Како што стојат сега работите, следната година Сенидах ќе ја добие шансата од организаторот сама фа ја преставува својата држава, без да учествува на национален натпревар.

Словенската пејачка Сенидах е една од најпопуларните музички ѕвезди во регионот, а следната година ќе ја преставува Словенија на Евровизија која ќе се одржи во Холандија. Таа и порано имала желба да настапи на овој фестивал, а во 2014 беше на чекор да го направи тоа. Имено, Сенида Хајдарпашиќ заедно со својот бенд „Muff“,со кој се уште настапува (и покрај својата соло кариера), тогаш го освои второто место на фестивалот во Словенија „Песна за Евровизија“.

Маркетинг

„Сенида се израдува на понудата да ја претставува Словенија во Холандија. Евровизија е нејзина голема љубов, и тоа сé се случува токму сега, кога Сенида се обидува да изгради интернационална кариера, па овој фестивал добро ќе и дојде за да се претстави и на публиката надвор од стариот континент“, изјави извор близок до пејачката.

Маркетинг

Организаторите веруваат дека ќе постигне голем успех на Евровизија бидејќи изведува вид на музика која е апсолутен хит во целиот свет, пренесува српскиот Курир.

Сенида (34) на музичката сцена се појави во 2010 година со синглот „Пустина“. Долго време и требаше да постигне успех бидејќи „трап“ музиката на овие простори не беше толку популарна. Голем успех доживува дури во 2018 година, кога ќе се појави нејзиниот хит „Слаѓана“, а потоа и албумот „Без тебе“, како и последниот голем хит „Мускули“.


Поврзано

Back to top button